Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Прим. Д-р Владимир Ристевски

Прим. Д-р Владимир Ристевски

Специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување
  • :
    Студиски и работни престои во повеќе држави.
  • :
    Еден од основачите на Мак. здружение за критично болни пациенти.
  • :
    Долгогодишно работно искуство во областа на анестезијата

Профил

Искусен и докажан експерт од областа на анестезијата и интензивната нега, еден од основачите на здружението за критично болни и пионер за развој на оваа дисциплина во нашата земја. Богатото домашно и меѓународно искуство Прим. Д-р Владимир Ристевски го стекнува во реномирани болници во земјата и странство  го применува во нашата установа, со посебно внимание кон обезбедување на максимална безбедност и квалитет на услугите. Автор и коавтор  на бројни трудови од областа на анестезиологијата и интензивната нега на критично болни лица. Усовршувањата во својата дејност ги стекнува во повеке светски реномирани болници, болницата KBC Д-р. Драгиша Мишовиќ во Белград ,Србија, Soroka Medical Centar во Ber Sheva Израел, Algemeine Kranken Haus во Виена, Австрија, Центар за обука при траума во Осло, Норвешка, Advanced Trauma Life Support (ATLS) во Capetown Јужноафриканска Република, Македонски хируршки тим во Maymana Авганистан и Al Sabah Hospital во Кувајт.

Достапни здравствени услуги

  • Локални анестезии ( или анестезии преку кои се обезболува локалното место на хирушката интервенција со апликација на локален анестетик )
  • Периферни блок анестезии
  • Регионални анестезии. Овој тип на анестезии подразбира два вида и тоа – медуларна ( епидурална или спинална ) и периферна анестезија.
    Медуларната подразбира апликација на анестетик во соодветен простор: спиналната во субарахноидален текален простор и епидуралната во епидурален простор со што се постигнува регионална анестезираност на регион од телото.
  • Амбулантни анестезии ( или аналого седација ) поточно примена на техника на дијагностички процедури спроведени во анестезија ( аналого седација ) кај возрасни и кај деца.
  • Општи ОЕТА анестезии ( или ендотрахеални анестезии ) Анестезии кои предизвикуваат состојба споредлива со длабок сон, обезболеност, мускулна релаксираност попратена со стабилност на виталните параметри.
  • Комбинирани анестезии ( или сложени анестезии )

Поле на посебен интерес

Интензивно лекување 100%

2019-во тек

Специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување во Општа болница Еуроиталиа Скопје

2014 - 2018

Специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување во Al Sabah Hospital, Кувајт

2011 - 2014

Специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување во Македонски хируршки тим, Maymana Авганистан

1986-2019

Специјалист по анестезија, реанимација и интензивно лекување во Клиничка болница Битола

  • Македонско лекарско друштво (MLD)
  • Здружение на лекари по анестезија, реанимација и интензивно лекување
  • Здружение на лекари за критично болни пациенти
  • Здружение за критична медицина во САД
  • Здружение за траума во Јужна Африка

2011год.

Студиски престој во Advanced Trauma Life Support (ATLS), Capetown Јужноафриканска Република

2011год.

Студиски престој во Центар за обука при траума, Осло Норвешка

2007год.

Студиски престој во Аlgemeine Kranken Haus, Виена Австрија

2004год.

Студиски престој во Soroka Medical Centar, Ber Sheva Израел

1995год.

Студиски престој во KBC Д-р. Драгиша Мишовиќ, Белград Србија

1992год.

Специјализација по анестезија, реанимација и интензивно лекување, Медицински факултет- Белград

1984год.

Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Медицински факултет Скопје

Закажете преглед

Hi, How Can We Help You?