
Д-р Елвис Алексовски
Специјалист по Анестезија, реанимација и интензивно лекување
- Email :
-
:Врвен специјалист по Анестезија, реанимација, интензивно лекување
-
:Голем број на интервенции од областа на Анестезиологијата
Профил
Д-р Елвис Алексовски е раководител на одделот по анестезија, реанимација и интензивно лекување. Има долгогодишно искуство во овие области а тоа го докажува и неговото искуство во повеќе клиники во нашата држава и соседството со извршени голем број на општи, регионални и сложени анестезии.

Достапни здравствени услуги
- Локални анестезии ( или анестезии преку кои се обезболува локалното место на хирушката интервенција со апликација на локален анестетик )
- Периферни блок анестезии
- Регионални анестезии. Овој тип на анестезии подразбира два вида и тоа – медуларна ( епидурална или спинална ) и периферна анестезија.
Медуларната подразбира апликација на анестетик во соодветен простор: спиналната во субарахноидален текален простор и епидуралната во епидурален простор со што се постигнува регионална анестезираност на регион од телото. - Амбулантни анестезии ( или аналого седација ) поточно примена на техника на дијагностички процедури спроведени во анестезија ( аналого седација ) кај возрасни и кај деца.
- Општи ОЕТА анестезии ( или ендотрахеални анестезии ) Анестезии кои предизвикуваат состојба споредлива со длабок сон, обезболеност, мускулна релаксираност попратена со стабилност на виталните параметри.
- Комбинирани анестезии ( или сложени анестезии )