Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Оперативен блок сали

Оперативен блок сали

Болничко лекување

Болничкото лекување се однесува за сите оние пациенти на коишто според претходно утврдена дијагноза неопходно е да се реализира, поинтензивна терапија, покомплицирана процедура во лечење или хирушка интервенција и понатамошно лекување и нега во болнички стационар.

Во нашата здравствена структура на болничко лекување би можеле да бидат третирани и пациенти на кои им е потребна исклучиво интензивна нега.

Болничкото лекување во општа болница Еуроиталиа е поделено на три дела:

Листа на достапни здравствени услуги за болничко лекување во општа болница Еуроиталиа

Почитувани пациенти, во информативните текстови подолу го појаснуваме текот на здравствените услуги кои се достапни во одделот за болничко лекување и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!
Анестезија, интензивна нега и реанимација

Подетални информации може да прочитате на следниот линк: Анестезија и интензивна нега

Стерилизација
Оддел кој функционира во склоп на оперативните сали е и одделот за Стерилизација кој со помош на адекватна медицинска технологија за чистење и стерилизација максимално го намалува ризикот од инфекции во болницата.
Оперативен блок сали

Нашата здравствена установа Еуроиталиа располага со две оперативни сали во кои се изведуваат хируршки интервенции од општа и абдоминална хирургија, трауматологија и ортопедија, следејќи ги најновите трендови на побезболни оперативни зафати и минимално инвазивни техники кои обезбедуваат побрзо пост-оперативно закрепнување!

Со оглед на тоа што здравјето на пациентите ни е приоритет, оваа болница е опремена со најсовремена технологија и апаратура. Сите инсталации во оперативните сали се направени според највисоките европски стандарди, односно со сигурна електрична и водоводна инсталација и безбедни медицински гасови. Располагаме со комплетно нова и софистицирана вентилација, климатизација и ХЕПА филтрација на салите кадешто воздухот е комплетно регулиран. Со цел да не се појави непријатно струење – под постојан надзор се сите филтри низ кои поминува воздухот и постојано се следи неговата влажност.

Одделение ( Болнички стационар )
Покрај амбулантното – специјалистичкиот начин на лечење, пациентите можат да се згрижат во болничката постелна мрежа или во таканаречен Болнички стационар.
По оперативниот зафат, дел од пациентите го продолжуваат своето лекување на одделение или стационар каде се врши надзор и се обезбедува комплетно заздравување.
Нашата болница моментално располага со 80 болнички легла расподелени пропорционално во различни типови на соби и апартмани уредени според модерни и софистицирани стандарди во кои пациентите можат да го пронајдат својот мир, да се чувствуваат удобно во секој дел од денот и да закрепнат во најкраток можен рок, благодарение на негата што ја добиваат од страна на нашиот врвен тим. Спектарот на соби и апартмани што го нуди Општа Болница Еуроиталиа може да го погледнете на нашиот сајт во отсекот Сместувачки капацитети

Сите постапки што таму се одвиваат, секако се во корелација со другите специјалности кои првично ги згрижиле пациентите и иницирале нивна хоспитализација, а тоа се:

  • Интерна медицина
  • Општа хирургија
  • Ортопедија и Трауматологија
Hi, How Can We Help You?