Прим. Д-р Димче Бошковски
Специјалист по Анестезија, реанимација и интензивно лекување
- Email :
-
:Долгогодишно искуство во областа на анестезиологија и реанимација
Профил
По долгогодишен работен век во ЈЗУ Општа болница Велес, Прим. Д-р. Димче Бошковски се стекнува со титулата раководител на одделението за анестезија, реанимација и интензивно лекување.Усовршувањата во својата дејност ги стекнува во многу болници од соседството, болницата “Трета гинеколошка клиника” во Софија и во “Ургентен центар” во Нови Сад. Автор на повеќе трудови од областа на анестезијата, реанимацијата, грижата и негата на критично болни пациенти. Неговата љубов кон професијата е главен двигател за уште поголема посветеност кон работатаи пациентите.
Достапни здравствени услуги
- Локални анестезии ( или анестезии преку кои се обезболува локалното место на хирушката интервенција со апликација на локален анестетик )
- Периферни блок анестезии
- Регионални анестезии. Овој тип на анестезии подразбира два вида и тоа – медуларна ( епидурална или спинална ) и периферна анестезија.
Медуларната подразбира апликација на анестетик во соодветен простор: спиналната во субарахноидален текален простор и епидуралната во епидурален простор со што се постигнува регионална анестезираност на регион од телото. - Амбулантни анестезии ( или аналого седација ) поточно примена на техника на дијагностички процедури спроведени во анестезија ( аналого седација ) кај возрасни и кај деца.
- Општи ОЕТА анестезии ( или ендотрахеални анестезии ) Анестезии кои предизвикуваат состојба споредлива со длабок сон, обезболеност, мускулна релаксираност попратена со стабилност на виталните параметри.
- Комбинирани анестезии ( или сложени анестезии )