Вашите резултати се строго доверлива информација и само надлежен доктор специјалист е авторизиран истите да ги толкува и соопштува!
Административниот персонал кој работи на приемниот пулт не е авторизиран истите да ги соопштува и затоа Ве молиме почитувајте го и Вие овој протокол.
Општа Болница Еуроиталиа нуди можност за оставање на примероци за анализа. Доколку за Вас тоа е поедноставно ( истите да ги земете од дома), со цел правилно зимање (да се исклучи можност за контаминација ) Ве молиме разгледајте ги информативните ливчиња – упатства за правилно зимање примероци, достапни на нашиот сајт или директно контактирајте ги нашите оператори на истите долунаведени броеви.
Откако уредно ќе ги доставите на приемниот пулт, по анализите, за резултатите ќе бидете благовремено известени од страна на административниот персонал на Приемниот пулт.
- Телефон за контакт: 00389 2-5116-005 / 00389 2-5110-115/ 00389 2-5116-006
- На Ваше барање Резултатите од лабораториските испитувања може да ги добиете и по пат на e-mail.
- Нашите оператори навремено ќе Ве известат штом истите ќе бидат готови!
- Инфо-ливчиња за правилно земање на примероци за анализа. Повеќе информации за процедурата можете да најдете на следниот линк: Биохемија.