Дијагностичка биохемиска лабораторија
Биохемиската лабораторија при Еуроиталиа Општа болница нуди широк спектар на рутински и специфични лабораториски услуги за испитување крв, урина и други телесни течности.
Истата располага со најсофистицирана опрема за автоматско брзо и точно испитување на лабораториските анализи.
Тимот на стручни лица е со богато искуство и знаење во областа на медицинската биохемија и обезбедува висок квалитет и точност на лабораториските анализи, а резултатите се валидирани од доктор специјалист по медицинска биохемија.
Медицинска биохемија, клиничка биохемија, лабораториска медицина се синоними за медицинската гранка која го проучува биохемискиот состав на крвта, урината и останатите физиолошки течности со цел да се постави дијагноза, да се изврши процена и мониторинг на човековото здравје.
Клиничка биохемија опфаќа општа и специјална клиничка биохемија, лабораториска хематологија и коагулација.
Во поново време во клиничките лаборатории се вршат и испитувања од областа на имунологијата, аналитичка фармакологија со токсикологија и благодарение на наглиот развој на анализите за ДНК и РНК и молекуларна дијагностика.
Денес се смета дека клиничко – биохемиските анализи опфаќаат 1/3 од сите болнички испитувања.
Резултатите од добиените биохемиски анализи може да се употребат за:
- Дијагноза на заболувањето
- Следење на ефектите од дадената терапија
- За screening кај широка популација луѓе, и
- Во прогностички намени за некое заболување.
Исто така биохемиската лабораторија е и истражувачко место за утврдување на биохемиските основи на некое заболување и за клиничко следење на нови лекови.
Клиничко – биохемиските анализи, во зависност од состојбата на пациентот може да бидат:
- Ургентни ( кои се изведуваат итно)
- рутински и
- специфични.
Денешните лаборатории, во најголем број се компјутеризирани.
Листа на достапни здравствени услуги по биохемија во општа болница Еуроиталиа
Биохемиските лабораториски анализи кои се испитуваат во Еуроиталиа Општа болница се поделени по категории:
- Хематолошки статус
- Цитолошки анализи
- Маркери за анемија
- Хемостаза
- Урина – уринарен статус и седимент
- Фекално окултно крварење ( FOB ) – квалитативен
- Глуциден статус
- Липиден статус
- Протеински статус
- Електролити и олигоелементи
- Ензимски статус
- Деградациони продукти
- Срцеви биомаркери
- Тумор маркери
- Адренални и питуитарни хормони
- Репродуктивна ендокринологија
- Тироидна функција
- Неинвазивен биохемиски скрининг на хромозопатии – PRISCS 5
- Коскен метаболизам
- Имунолошки статус и специфични протеини
- Алергии
- Интолеранција на храна
- Детекција на злоупотреба на дроги
- Концентрација на терапевтски супстанции во крв и телесни течности
- Серолошки инфективни маркери
Диференцијална крвна слика е основна лабораториска анализа на крвта која се работи поради процена на општата здравствена состојба и откривање на разни пореметувања како на пример: анемија, леукемија, инфекција, вирусни заболувања итн. Со оваа анализа се добива увид во бројот и квалитетот на еритроцити, тромбоцити и леукоцити кои се основните крвни клетки.
Седиментацијата на еритроцити е едноставен тест кој се однесува на одредување на брзина на таложење на еритроцити под дејство на земјина гравитација. При инфламација, со зголемување на концентрацијата на фибриногенот и другите протеини на акутна фаза, доаѓа до побрзо таложење на еритроцитите, па се добива зголемена седиментација.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Диференцијална крвна слика
- Седиментација на еритроцити
Анемијата претставува состојба на апсолутно намалување на црвените крвни зрнца, односно на концентрацијата на хемоглобин. Овој недостиг предизвикува здравствени проблеми, затоа што благодарение на хемоглобинот се овозможува транспорт на кислородот до сите ткива во телото. А без кислород, не е можно нормално функционирање.
Постојат различни типови анемија, а анемијата предизвикана од недостиг на железо е една од најчестите.
Анализи со кои комплетно и точно се дијагностицира анемијата или уште позната како слабокрвност.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Серумско железо
- Феритин
- Трансферин
- TIBC ( Total Iron Binding Capacity )
- UIBC ( Unsaturated Iron Binding Capacity )
- Витамин “B 12” – активен ( Holotranscobalamin )
Анализата на урината е една од корисните скрининг методи чии резултати можат да дадат основни информации за состојбата на метаболизмот како и за состојбата на генито-уринарниот систем. Рутинскиот преглед на урината е една од основните лабораториски анализи и се состои од три дела:
- Опис на физичките и физичко-хемиските карактеристики на урината: изглед, боја, pH (киселост), специфична тежина.
- Хемиска анализа на урината: Најчести хемиски анализи на урината се анализа на протеини, шеќер, кетони, уробилиноген, билирубин и нитрити.
- Преглед на седиментот на урината т.е. микроскопски преглед на талогот, кој се добива по центрифугирање на урината (еритроцити, леукоцити, епителни клетки, кристали, цилиндри, бактерии, слуз).
Дијабетесот (шеќерна болест) е едно од најчестите заболувања на ендокриниот систем, кој ги вклучува и двата пола подеднакво. Познато е дека секој втор пациент не знае дека е болен долго време и нe чувствува никакви промени. Хроничните компликации започнуваат многу порано пред појавата на видливите симптоми. Покачениот шеќер во крвта (хипергликемија) е главниот дијагностички показател за дијабетес. Нерегулираниот шеќер во крвта остава трајни ефекти врз многу органи, па затоа е многу важно раното откривање на абнормалните концентрации.
Лабораториски анализи кои служат за:
- Дијагноза на шеќерната болест која е најчестата хормонска болест која се сретнува во клиничката пракса и други категории нарушувања на гликозната толеранција
- За следење на текот на болеста
- Успешноста на терапијата и
- Процена на тежината на компликациите кои ги дава шеќерната болест.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Гликоза ( серум, плазма )
- Гликоза ( урина )
- Орален гликоза толеранс тест ( оGTT )
- Гликохемоглобин ( HbA1c )
- “C” – Пептид
- Инсулин
- Инсулин oGTT
Протеините во крвта имаат многу важни функции:
- Заштитна улога од инфекции
- Одржување на колоидно-осмотскиот притисок
- Делуваат како пуфери и како такви имаат улога во одржување на ацидо-базната рамнотежа
- Имаат транспортна функција
- Поедини протеини имаат специфични функции( ензими, хормони, комплемент, инхибитори, фактори на коагулација, хемоглобин).
Овие биохемиски анализи се потребни за:
- Поставување на дијагноза и
- Сладење на ефектот од дадената терапија ,кај разни болести на црн дроб, бубрези и метаболни нарушувања.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Тотални протеини
- Албумин
- Микроалбумин ( урина )
- Глобулини
- Уринарни протеини
- Уринарни протеини 24 h
- Билирубин тотален
- Билирубин конјугиран ( директен )
- Билирубин неконјугиран ( индиректен )
Ензимите се присутни во сите клетки на живите организми, каде што ја извршуваат специфичната каталитичка функција на хемиските реакции.
Преку определување на нивната активност се добиваат податоци кои имаат големо значење за дијагноза и прогнозата на голем број заболувања на коските, црниот дроб, жолчните патишта, бубрезите, панкреас, тенко црево, срцев мускул, скелетни мускули, еритроцити, плунковни жлезди, простата и др.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- ALP ( Алкална фосфатаза )
- Кисела фосфатаза
- Алфа амилаза ( серум )
- Алфа амилаза ( урина )
- Липаза
- Холинестераза
- ASAT ( sGOT )
- ALAT ( sGPT )
- Gama GT
- CPK
- LDH
Кардиоваскуларните заболувања сеуште се водечки фактор за смртност во целиот свет. Тоа се заболувања на срцето и циркулаторниот систем и според клиничките манифестации може да се поделат на :
- Заболувања на срцето или исхемични болести на срцето
- Цереброваскуларни заболувања и
- заболувања на периферната циркулација.
Срцеви маркери, исто така познати како срцеви биомаркери, се супстанции кои се ослободуваат во крвта и чија концентрација се мери со цел да се процени правилната функција на срцето.
Мерењето на срцевите маркери помага во процена на ризикот, дијагноза, следење и справување со проблеми со срцето, што овозможува брзо иницирање на превентивни и терапевтски дејства.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- CK-MB
- TROPONIN I
- hsCRP ( високо сензитивен “C” реактивен протеин )
- NT-proBNP
Хипофиза или питуитарна жлезда е столб на ендокринит систем во организмот.Тој ја регулира работата на останатите ендокрини жлезди преку многубројните хормони кои се излачуваат во неа.Затоа пореметувањето на нејзината функција може да биде проследена со полесни или потешки здравствени проблеми.
Еден од хормоните кои се лачи во хипофизата е Хормонот за раст- hGH (Human growth hormone) кој го поттикнува растот на телото, делувајќи на сите клетки во организмот.
Надбубрежната жлезда е една од најзначајните жлезди во нашиот организам, која излачува хормони кои регулираат:
- Рамнотежа на соли и вода
- Метаболизам на јаглехидрати,протеини и масти
- Развој на половите органи (примарни и секундарни карактеристики)
- Стрес.
Преку лачењето на адреналинот и норадреналинот ја забрзуваат работата на срцето и го покачуваат крвниот притисок.
Голем број ендокрини заболувања вклучуваат дисфункции на надбубрежната жлезда.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- ACTH
- Кортизол
- hGH ( Human growth hormone )
- VMA ( Ванил манделична киселина )
- Метанефрини
- IGF-1 ( Somatomedin -C )
Кога еднаш ќе се посомневаме дека симптомите на кои ни се жали пациентот би можеле да потекнуваат од тироидната жлезда (штитна жлезда), по протокол би требало да направиме биохемиски анализи и дијагностички процедури кои ќе ни послужат за да го потврдиме или пак отфрлиме нашето сомнение.
Раното дијагностицирање на заболувањата на тироидната жлезда е есенцијално за добрата прогноза на истото, а за тоа ни се нудат неколку генерално неинванзивни методи.
Кога еднаш ќе се одлучиме да ја разрешиме дилемата дали постои или не некое пореметување во хормоналната синтеза и излачувањето на тироидните хормони, неопходно е да се одреди нивната концентрација во крвта. Ова се клучни анализи, всушност испитувањето на free Т4 односно слободниот Т4, е појдовна анaлиза, која заедно со вредноста на ТSН и free Т3 ќе ни укаже дали постои хипер или хипотироидизам, односно дали заболувањето е лоцирано во тироидната жлезда или пак во хипофизата.
За дијагноза на автоимуните заболувања на тироидната жлезда (како што е Hashimoto thyroiditis, Graves-oва болест) и диференцијација од други видови заболувања во крвта се испитуваат специфични тироидни антитела.
Ваков тип антитела се јавуваат кога организмот ги препознава компонентите на тироидната жлезда како туѓи, а не свои ( во случајот својот тироглобулин и тироидната пероксидаза – ензим кој се создава во тироидната жлезда и учествува во синтезата на тироидните хормони).
Присуството на автоантитела води кон хронично воспаление на тиреоидната жлездата, промени во самото ткиво и нарушување на нејзината функција.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- TSH ( трета генерација )
- Т4 TOTAL ( Тироксин )
- Free T4 ( FT4 )
- T3 TOTAL ( Тријодтиронин )
- Free T3 ( Слободен Т3 )
- Тироглобулин ( TG )
- Anti TPO Ab
- Anti TG Ab
Употребени заедно со стандардните антропометриски мерења, коскените маркери, се едни од најновите современи лабораториски алатки за менаџирање на остеопорозата. Овие коскени маркери обезбедуваат брз увид во статусот на коската, со проценка на тековниот процес на коскениот метаболизам.
Коскените маркери, како основно надополнување на тестовите за одредување на Коскениот Минерален Дензитет (КМД), обезбедуваат подобар увид во ризикот и одговорот од терапијата, одошто КМД сам за себе.
Соочени со постменопаузата, за многу жени остеопорозата е најсериозна физиолошка последица на менопаузата, затоа што неретко, остеопоротичните фрактури резултираат со морбидитет и смрт.
Наша надеж е дека со правилната употреба на коскените маркери во клиничката лабораториска пракса, заедно со терапевтските предности и појасната претстава за хормоналните и биохемиските мeханизми на коскениот метаболизам, ќе ја доведе оваа уништувачка болест под контрола.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Остеокалцин
- Intact PTH ( Паратхормон )
- PYRILINKS-D ( Деоксипиридинолин – “DPD” )
- Витамин “D” ( 25, OH, D2+D3 )
- Калцитонин
Алергија претставува ненормална, бурна реакција на организмот на некоја супстанција, која вообичаено е безопасна за најголем број луѓе.
Овие супстанции се нарекуваат алергени,а реакцијата која ја предизвикуваат е алергиска реакција.Алергиската реакција може да се појави било каде во организмот – при тоа, може да предизвика сериозни последици, дури и да заврши со смрт.
Алерго-тестовите се најдобриот и единствениот начин да дознаете дали сте алергични. Тоа е, исто така, единствениот начин да се утврди што е тоа што ги предизвикува Вашите симптоми.
Кога ќе се утврди вистинската причината за настанатата aлергиска реакција, многу е поедноставно да се спречи понатамошниот контакт со таа супстанција и да се ублажат симптомите со соодветен третман.
За разлика од кожните алерголошки тестови кои се состојат од повеќекратни боцкања најчесто на внатрешната страна на подлактицата и со појава на оток, црвенило или чешање , постои можност со еднократно земање крв, да се одреди кој е причинителот на алергијата, до кој степен е развиена реакцијата и дури и да се предвиди некоја идна несакана реакција.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- АЛЕРГИСКИ ПАНЕЛ 1 – комбиниран ( 20 алергени )
- АЛЕРГИСКИ ПАНЕЛ 2 – инхалаторен ( 20 алергени )
- АЛЕРГИСКИ ПАНЕЛ 3 – нутритивен ( 20 алергени )
- АЛЕРГИСКИ ПАНЕЛ 4 – педијатриски ( 20 алергени )
- АЛЕРГИСКИ ПАНЕЛ 3TR- нутритивен прилагоден на наше поднебје ( 20 алергени )
- АЛЕРГИСКИ ПАНЕЛ 1 HVEN – комбиниран прилагоден на наше поднебје ( 20 алергени )
- СПЕЦИФИЧНИ АЛЕРГЕНИ
- Специфичен алерген ( Антибиотици )
- Специфичен алерген ( Аналгетици )
- Специфичен алерген ( Анестетици )
- IgE ВКУПЕН ( Имуноглобулин ”Е” )
Дрогите или супстанциите кои даваат зависност внесени во организмот значат опасност за здравиот организам, а нивното континуирано земање доведува до зависност.
Нивната присутност во организмот најчесто се докажува во урина, а најквалитетен примерок е првата утринска урина.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Канабиноиди ( марихуана )
- Канабиноиди ( ТХЦА )
- Кокаин – метаболити
- Опијати ( морфин, хероин )
- Барбитурати
- Бензодиазепини
- Екстази ( МДМА )
- Амфетамини
- Метамфетамини
- Метадон
- Фенциклидин
- Трициклични антидепресиви
Со овие анализи се детектира присуството и концентрацијата на специфични антитела од одредена класа имуноглобулини (IgM, IgG, IgA) на различни врсти причинители на заразни заболувања (бактерии, вируси, паразити, габи) во крвта.
Врз основа на нив може да имаме увид во фазата на инфекцијата ( акутна, хронична ) степенот на активноста на инфекцијата на локално ниво, односно имунолошкиот статус ( стекнат имунитет после прележана инфекција ).
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- HELICOBACTER PYLORI IgG ( квантитативно)
- HBsAg ( квантитативно )
- HBsAg ( конфирматорен )
- HBsAg ( квалитативно )
- HBeAg ( квантитативно )
- Anti HBs ( квантитативно )
- Anti HBe ( квантитативно )
- Anti HBc total ( квантитативно )
- Anti HBc IgM ( квантитативно )
- Anti HCV ( квантитативно )
- Anti HCV ( квалитативно )
- HAV IgM ( квантитативно )
- H I V Combo (1/0 + 2 + p24) ( квантитативно )
- HIV ( квалитативно )
- CYTOMEGALOVIRUS IgM (CMV) ( квантитативно )
- CYTOMEGALOVIRUS IgG (CMV) ( квантитативно )
- TOXOPLASMA GONDII IgM ( квантитативно )
- TOXOPLASMA GONDII IgG ( квантитативно )
- RUBELLA IgM ( квантитативно )
- HERPES VIRUS tip I + II IgG ( квантитативно )
- TORCH-ПАКЕТ ( Toxoplasma IgM, IgG; Rubella IgM; CMV IgM,IgG; HSV I + II IgG) ( квантитативно )
Периферна размаска означува преглед на периферна крв која ја врши доктор врз препарат на предметно стакло за утврдување на морфологијата на крвните елементи (дали се во нормален број и со нормален изглед, да се разграничат различните типови на леукоцити и да се одреди нивната релативна застапеност во проценти). Периферната размаска се користи како помош при дијагностицирање на состојби, заболувања и недостатоци поврзани со создавање, функција и деструкција на крвните елементи; да се следи производството и зреењето на клетки при леукемии, следење при хемо/радиотерапија, хемоглобинопатии и др.
Детекција на еозинофилија (зголемен број на еозинофили) во размаска од секрет од нос, како помош во дијагнозата на алергиски ринити.
Тест со кој се мери брзината на создавање ретикулоцити во коскената срцевина и нивно ослободување во крвта. Ретикулоцитите циркулираат во крвта околу 2 дена пред да се развијат во зрели црвени крвни клетки.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Периферна размаска
- Еозинофили – размаска од нос и искашлок
- Броење ретикулоцити во периферна крв
Хемостаза претставува еден од најзначајните системи за одржување на хомеостазата на човечкиот организам и како таква има две важни функции:
- Да овозможи нормален проток на крвта низ крвните садови , т.е да ја одржи течната состојба на крвта во циркулацијата
- Да го спречи крварењето после повреда на крвен сад.
Во спречување на крварењето здружено делуваат:
- крвните садови
- тромбоцитите и
- системот на коагулација, а со процесот на фибринолиза се разложува создадениот коагулум и повторно се воспоставува нормална циркулација на крвта.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Протромбинско време – РТ
- Тромботест
- Активирано парцијално тромбопластинско време – аРТТ
- Тромбинско време – ТТ
- Фибриноген
- D-DIMER
- PROTEIN – S
- PROTEIN – C
- Free PROTEIN – S
- APC-R ( Activated Protein C Resistance )
- ANTITHROMBIN
- LUPUS ANTICOAGULANT Screen
- LUPUS ANTICOAGULANT Confirm
- FIBRIN MONOMER
Со него се докажува окултно, со око невидливо крварење од гастроинтестиналниот тракт . Овој тест би требало да биде вклучен во редовните годишни систематски прегледи со цел за превенција и рано откривање на карцином на дебелото црево.Се препорачува кај сите личности кои се постари од 50 години да го направат еднаш годишно, а оние кои имаат фамилијарна предиспонираност би требало тестот да го прават после 40-та годинa, еднаш годишно. Присуството на крв во фецесот може да биде единствен симптом за карцином на дебелото црево. Но не секогаш присуството на крвта во фецесот е предизвикано од карцином. Други услови кои можат да предизвикаат крв во фецесот се: хемороиди, анални фисури, полипи на дебело црево, колитис и др.
Холестеролот и триглицеридите се двата основни видови на липиди (масти) во нашиот организам кои се дистрибуираат и метаболираат преку комплексни соединенија (липопротеини).
Организмот ги искористува повеќенаменски:
- Како богат извор на енергија
- Градбен и функционален материјал на клеточните мембрани
- Синтеза на биоактивни супстанции (хормони,витамини и сл.), но нивната покачена концентрација (хиперлипопротеинемии) доведува до низа здравствени проблеми, а најчесто до атеросклероза.
Наведените биохемиски анализи се корисни за оценување на ризикот од атеросклероза и коронарно срцево заболување. За:
- За поставување на дијагноза
- Следење на одговор по дадена терапија.
И за истите е неопходна подготовка на пациентот непосредно пред земање крв за анализа.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Вкупен холестерол
- HDL – холестерол
- LDL – холестерол
- Tриглицериди
- Аполипопротеин А1
- Аполипопротеин Б
- Lp (a)
Најважни електролити (макроелементи) во организмот се: натриум, калиум, калциум, магнезиум, хлориди, бикарбонати и неоргански фосфати.
Најважни олигоелементи се: железо, бакар, јод, манган, цинк, молибден и други.
Во екстрацелуларната течност (ЕСТ) најзначаен катјон е натриум, а главни анјони се хлоридите и бикарбонатите.
Во интрацелуларната течност (ИСТ) најзначаен катјон е калиум, а главни анјони се протеините и фосфатите.
Електролитите имаат многу важна улога во организмот во:
- Oдржување на осмотскиот притисок и дистрибуција на водата во разните телесни течности и простори
- Oдржување на оптимално pH на крвта
- Регулирање на работата на срцето и останатите мускули
- Во преносот на електрони во оксидоредукциските процеси, и како кофактори учествуваат во ензимските реакции.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Натриум
- Калиум
- Калциум вкупен
- Калциум јонизиран
- Хлориди
- Магнезиум
- Фосфор
- Бакар ( серум )
- Цинк ( серум )
- Лактати
- Бикарбонати
- pH на крв
Бубрезите се едни од најважните органи во нашиот организам. Тие:
- Го чистат нашиот организам од штетни супстанци
- Го регулираат крвниот притисок
- Ги одржуваат нашите коски цврсти
- Го поттикнуваат создавањето на еритроцити, кои го транспортираат кислородот до сите клетки.
Во самиот почеток на бубрежното заболување често не постојат јасни знаци ниту симптоми, но заболувањето може да се открие со едноставни лабораториски анализи како што се, одредување на:
- Протеини во урина
- Урати
- Уреа
- Креатинин во крв и урина.
Видливите симптоми се појавуваат дури откако болеста напреднала.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Уреа ( серум )
- Уреа ( урина )
- Креатинин ( серум )
- Креатинин Клиренс
- ACIDUM URICUM ( серум )
- ACIDUM URICUM ( урина )
- ГФР ( гломеруларна филтрација )
Тумор маркерите претставуваат супстанции ( протеини, ензими, хормони и сл.) кои се лачат во организмот како последица на негов одговор при постоење на некоја бенигна или малигна појава.
Денес, откриени се над 100 различни тумор маркери, но само околу дваесет од нив се користат во лабораториската пракса.
Најчесто, покачените тумор маркери укажуваат на пролиферација на туморни клетки (и малигни и бенигни) во телото, меѓутоа, тие исто така може да се појават со одредени воспалителни заболувања. Ако причината за покачените тумор маркери е воспалителен процес , кога воспалителниот процес ќе престане, вредностите на туморските маркери опаѓаат. Спротивно на тоа, ако покачените туморски маркери се резултат на пролиферација на туморските клетки, вредностите нема да опаѓаат, туку постојано ќе растат, додека туморот не е откриен и адекватно третиран.
Нивното мерење и идентификација е корисно за поставување на дијагнозата, како и за следење на прогресот/текот на заболувањето и успехот од терапијата.
При хемотерапија, хормонска и зрачна терапија, движењето на вредностите на маркерите во крвта може да се користи за проценка на делотворноста на терапијата. Доколку вредностите опаѓаат, тоа е показател дека болеста дава одговор на терапијата.
Во спротивно, покачените вредности на тумор маркерите при контролните прегледи сугерираат на повторно појавување на туморот или на создавање метастази (и тоа го прават дури шест месеци порано отколку рендгенскиот или ултразвучниот преглед), со тоа тераписката стратегија треба да се промени.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- AFP ( MoM Screen – според гестациска зрелост )
- AFP
- CEA
- Овој карциноембрионален антиген е неспецифичен тумор маркер кој се одредува во комбинација со специфични тумор маркери за следење и прогноза кај заболените од различни видови на карциноми, особено со колоректален карцином.
Еден од првите користени тумор маркери, спаѓа во групата на онкофетални антигени кои нормално се излачуваат во ембрионалниот и феталниот развој. Покачените вредности на CEA во крвта укажуваат на присуство на малигно заболување во организмот, но не и на органот во кој настанала малигната промена. Покачените вредности на CEA може да се најдат кај 70% од пациентите со малигни заболувања на дигестивниот тракт, белите дробови, градите, јајниците и панкреасот и некои други заболувања како што се цироза на црниот дроб, хепатитис, улцерозен колитис, ректален полип, пневмонија.
- Овој карциноембрионален антиген е неспецифичен тумор маркер кој се одредува во комбинација со специфични тумор маркери за следење и прогноза кај заболените од различни видови на карциноми, особено со колоректален карцином.
- GI – MA ( CA 19-9 )
- Тумори кои зачестено можат да дадат покачени вредности на СА 19-9 се: карцином на панкреас, карцином на жолчни патишта, карцином на желудник и на дебелото црево. Останати заболувања кои можат да дадат покачени вредности на СА 19-9 се:
- акутен холециститис (воспаление на жолчните канали),
- акутен и хроничен панкреатитис (воспаление на панкреасот),
- хепатитис (воспаление на црниот дроб),
- цироза и останати заболувања на црниот дроб, чир на желудник и дванаесетпалачно црево.
- Кај карцином на панкреас СА 19-9 е маркер на прв избор, кај колоректални карциноми (карцином на дебелото црево, односно на ректумот) е маркер на втор избор, потоа СЕА.
Кај карциноми на панкреасот и жолчните патишта СА 19-9 може да се одредува заедно со СЕА.
- Тумори кои зачестено можат да дадат покачени вредности на СА 19-9 се: карцином на панкреас, карцином на жолчни патишта, карцином на желудник и на дебелото црево. Останати заболувања кои можат да дадат покачени вредности на СА 19-9 се:
- CA 72-4
- Ова е туморски маркер за карцином на желудник, чија специфичност е поголема од 95%.
Вредностите на овој маркер во серумот се совпаѓаат со стадиумот на болеста. Колку е стадиумот на болеста понапреднат толку и серумските вредности на CA 72- 4 се повисоки.
Тој помага и при следењето на болеста во текот на терапијата.
На тој начин може да се оцени и одговорот на туморот спрема применетата терапија. CA 72- 4 има голема важност при првичното поставување на дијагнозата на карциномот на јајчникот, како и за следење на одговорот на туморот на спроведената терапија. Се користи и како маркер за следење на болеста, по завршувањето на третманот, односно, тој е рутински лабораториски тест за откривање на рецидивот на ракот на јајникот.
- Ова е туморски маркер за карцином на желудник, чија специфичност е поголема од 95%.
- OM – MA ( CA 125 )
- Ова е тумор маркер чии вредности се корисни за следење на болеста кај пациенти со карцином на јајници. Постојаното покачување на вредноста на CA 125 е поврзано со малигнитет и лош одговор на терапијата, а опаѓањето на овие вредности укажува на поволен одговор на терапијата. Покачени CA 125 вредности се наоѓаат кај приближно 1-2% од здрави лица, кај лица со заболувања кои не се малигни, како што се цироза, хепатитис, ендометриоза, во првиот триместар од бременоста, цисти на јајниците, карлично инфламаторно заболување. Покачени CA 125 вредности се исто така забележани за време на менструалниот циклус. Заболувања со покачени вредности на CA 125, кои не се поврзани со карцином на јајниците, се заболувањата на црниот дроб, панкреасот, дебелото црево, желудникот, жолчните патишта , матката, фалопиевата туба, градите и карцином на ендометриумот. CA 125 тестот не се препорачува како скрининг тест за откривање на карцином кај населението, туку за следење на пациенти со карцином на јајник.
- BR – MA ( CA 15-3 )
- Овој тумор маркер има најголемо значење во контролата на жени пациентки со карцином на дојка (бидејќи покачените или намалените вредности се во корелација со прогресијата, односно регресијата на болеста). Вредноста е во голема мера поврзана со активноста на болеста и може да се користи за да се разликува од бенигните заболувања на дојката. Неодамнешните студии покажаа дека покачените вредности на CA 15-3 кај пациентките, кај жените кои го носат ризикот од повторување на карциномот на дојката по примената терапија, би можеле да бидат показатели за повторување на болеста, дури и пред болеста да биде клинички детектирана. Покачена вредност на CA 15-3 може да се појави кај луѓе кои немаат малигно заболување, како што се цироза, хепатитис, автоимуни заболувања и бенигни заболувања на јајниците и дојките. Вредноста на CA 15-3 може да се покачи кај некои други малигни заболувања, на пр. белите дробови, дебелото црево, црниот дроб (примарно), јајниците, грлото на матката и ендометриумот. CA 15-3 тестот не се препорачува како скрининг тест за откривање на карцином,туку само како параметар за следење на пациентите со карцином на дојка.
- CYFRA 21-1
- P S A
- Free P S A
- (Простата специфичен антиген) тумор маркер примарен простата специфичен маркер. PSA во секретот на простатата се наоѓа во покачени количини, додека во крвта нормално е присутен само во трагови. Кај бенигните или малигните заболувања на простатата растат и вредностите на PSA во крвта. PSA е специфичен за органот,но не и за туморот, сепак колку се повисоки неговите вредности толку е поголема веројатноста од постоење на карцином. Реагира осетливо на обновена активност на болеста и повторното зголемување на вредностите во даден момент укажува на рецидив кој се уште не може да се утврди со други прегледи.
Тестот за PSA 3та генерација, поради својата исклучително висока сензитивност, открива нивоа на PSA кај пациенти со пост радикална простатектомија.
Се испитува во комбинација со Free PSA (слободен простата специфичен антиген) и нивниот fPSA / PSA индекс.
- (Простата специфичен антиген) тумор маркер примарен простата специфичен маркер. PSA во секретот на простатата се наоѓа во покачени количини, додека во крвта нормално е присутен само во трагови. Кај бенигните или малигните заболувања на простатата растат и вредностите на PSA во крвта. PSA е специфичен за органот,но не и за туморот, сепак колку се повисоки неговите вредности толку е поголема веројатноста од постоење на карцином. Реагира осетливо на обновена активност на болеста и повторното зголемување на вредностите во даден момент укажува на рецидив кој се уште не може да се утврди со други прегледи.
- P A P ( Простатична кисела фосфатаза )
- S – 100
- HE – 4
- ROMA Index ( HE -4 + CA 125)
Хормоните се производи на ендокрините жлезди ,како што се хипофиза, епифиза, надбубрежна жлезда, штитна жлезда, паратироидна жлезда, панкреас, бубрези,јајници и тестиси.
Хормоните во организмот земаат учество во регулацијата на голем број процеси одговорни за одржување на постојаноста на внатрешната средина. Тоа се постигнува преку регулацијата на метаболитичките реакции на јаглехидратите, мастите, протеините, електролитите и водата.
Половите хормони се задолжени за развој на репродуктивниот систем кај жените и мажите и истите се неопходни за одржување на нивното здравје.
Иако се присутни уште од раната возраст ,во време на половото созревање се зголемува нивната концентрација во организмот, поради што и двата пола влегуваат во репродуктивен период, додека пак во староста лачењето на овие хормони се намалува.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- LH
- FSH
- ЕСТРАДИОЛ ( Е2 )
- ESTRIOL
- Free ESTRIOL – E3 ( Слободен естриол – Е3)
- Пролактин
- Прогестерон
- 17-ОН Прогестерон
- Андростендион
- DHEA-SO4
- Тестостерон ( вкупен )
- HCG ( квантитативно )
- NCG – брз тест ( серум, урина )
- Free beta – HCG
- SHBG ( Sex-Hormon Binding Globulin )
- AMH ( Anti-Müllerian Hormone)
- PLGF
- sVEGF-R1
Пренаталниот скрининг им овозможува на сите бремени жени, на која било возраст, да дознаат повеќе за здравјето на нивното неродено бебе, без било каков ризик и болка.
Се работи за едноствно земање крв од вена и рутински ехо-преглед кај гинекологот.Пренаталните скрининг-тестови се група на тестови, кои му даваат информации на докторот во каква состојба се наоѓа трудницата и нејзиното бебе.
Тоа се брзи, едноставни и високо-специфични тестови, кои во висок процент ги идентификуваат токму оние бремени жени од општата популација, со зголемен ризик да донесат на свет плод со дефекти.
Овој тест укажува колкав е ризикот да плодот има една од следните аномалии: Даунов синдром, Едвардсов синдром, Патау синдром и дефект на затварање на неврална цевка.
Позитивен скрининг – тест не е и крајна дијагноза; тоа само значи дека се потребни понатамошни инвазивни испитувања, со цел да се утврди дали постојат некои од долунаведените состојби кај Вашето бебе.
Проценката на евентуалниот ризик може да се прави многу рано, уште од 10-13 гестациска недела. Инаку, PRISCA може да се направи и до 22 –та недела од бременоста.
Процентот на детекција на високо-ризични бремености, употребувајќи ја оваа комбинација од лабораториски маркер-тестови и мерки од ултразвук е дури и до 95%. Сепак, дефинитивна потврда се добива само со инвазивна дијагностичка постапка (амниоцентеза или хорион-биопсија).
Со самиот факт што целата постапка е безопасна, едноставна и не е скапа, пренаталниот скрининг се препорачува кај секоја трудница.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- PRISCA 1 ( Free beta NCG + PAPP-A)
- PRISCA 2 ( AFP + Free beta NCG )
- PRISCA 3 ( Free Estriol+AFP+NCG )
Автоимуните заболувања се бројни пореметувања кои настануваат како последица на губиток на една од основните карактеристики на имунолошкиот систем, имунолошката толеранција на организмот кон сопствените антигени или на кратко кажано се работи за заболување кај кое самиот организам ги напаѓа сопствените клетки. Овие заболувања најчесто се јавуваат кај пациентите со генетска предиспозиција, предизвикани од бројни егзогени и ендогени фактори.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- IgA (Имуноглобулин ”А”)
- IgG (Имуноглобулин ”G”)
- IgM (Имуноглобулин ”М”)
- C3 ( “C3” комплемент)
- C4 ( “C4” комплемент)
- CRP (”C”-реактивен протеин)
- CRP е протеин на акутна фаза.
Во крвта се јавува како одговор на инфламаторен процес,(при воспаление) во неговата акутна фаза.
Неговата концентрација во крвта се покачува за 6-12 часа од почетокот на инфламаторниот процес.
Клиничко значење има при:- Mаркер за инфламација
- Шеќерна болест
- Хипертензија
- Кардиоваскуларни заболувања (hsCRP).
CRP има важна улога во вродениот имунитет, како ран, одбрамбен систем против инфекции.
Определувањето на CRP дава корисни информации за прогредирањето на заболувањето и ефикасноста од дадената терапија.
- CRP е протеин на акутна фаза.
- RF ( Ревматски фактор )
- ASO ( Антистрептолизин- O )
- ХАПТОГЛОБИН
- АЛФА -1- АНТИТРИПСИН
- ЦЕРУЛОПЛАЗМИН
- БЕТА -2- МИКРОГЛОБУЛИН ( серум )
- БЕТА – 2 – МИКРОГЛОБУЛИН (урина)
- AFA(Анти фосфолипидни антитела) (ß-2GP1 IgG)
- Anti b2 GP-1 IgM
- Anti b2 GP-1 IgA
- tTG -Трансглутаминазни ткивни антитела IgA
- tTG -Трансглутаминазни ткивни антитела IgG
- Anti GLIADIN IgG ( целијакија )
- Anti GLIADIN IgA ( целијакија )
- Anti CARDIOLIPIN IgM
- Anti CARDIOLIPIN IgG
- Anti CARDIOLIPIN IgA
- Anti ANNEXIN V IgM
- Anti ANNEXIN V IgG
- Anti PROTHROMBIN Screen
- Anti PHOSPHATIDYL INOSITOL
- Anti PHOSPHATIDYL SERIN IgG
- Anti INTRINSIC FACTOR
- Anti INSULIN
- Anti GASTRIC PARIETAL CELL (GPC)
- Anti MITOCHONDRIAL Ab. (M2)
- Anti GLOMERULAR BASEMENT MEMBRANE Ab.(GBM)
- Anti – СПЕРМАЛНИ АНТИТЕЛА
- ANCA Screen hs
- p-ANCA (Anti MPO Myeloperoxidase)
- c-ANCA (Anti Proteinase-3 Cytoplasmic)
- CIK (CIC) – циркулирачки имунокомплекси
- dS DNA
- ИМУНОЛОШКИ МАРКЕРИ-АНА(Антинуклеарни антитела)-(SmB; SmD; RNP – 70k ;RNP -A;RNP – C;SS-A/Ro 52 ;SS-A/Ro 60 ;SS – B/La; Cenp-B ;Topo – I/Scl – 70 ;Jo -1/HRS ; Ribosomal RNP; Histones)
Интолеранција e неалергиска преосетливост на храна.
Одредени индивидуи имаат невообичаена реакција кон одредена храна или состојка од храна. Тоа е долготрајна хронична реакција на организмот која витално не го загрозува пациентот, но е докажано дека може да биде причина за појава на некоја болест или хронична состојба како што се: артритис, астма, кандидијаза, целијакија, синдром на хроничен умор, депресија, анксиозност, дигестивни проблеми, задржување на вода во организамот, отоци, инфекција на ушите, синузитис, фибромијалгија, мигренозни главоболки, вртоглавици, несоница, болка во мускулите, ментален замор, псоријаза, гојазност или губиток на телесната тежина. Ваквата реакција на организмот се нарекува интолеранција и може да биде вродена или стекната.
Тестот се изведува за одредување на видовите на храна кои пациентот не ги толерира.Тестот ги детектира IgG антителата.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- Интолеранција на храна ( Специфични IgG )-RIDA Screen ( 90 видови храна одеднаш )
- Генетски тест за интолеранција на лактоза
Испитувањето на концентрацијата на наведените терапевстки супстанции ( лекови ) е неопходно за утврдување и следење на концентрацијата на истите во крвта и телесни течности. Нивното испитување е потребно за да ни помогне за прилагодување на соодветната доза на лекот кај пациентот, како и при интоксикација со лекот.
Лабораториската дијагностика ги опфаќа следниве анализи:
- CARBAMAZEPINE ( Tegretol )
- PHENOBARBITAL
- VALPROIC ACID
- LITIUM
Совети за правилно земање на биолошкиот материјал
Почитувани пациенти,
За обезбедување на точност и сигурност на резултатите од лабораториските испитувања, потребно е да направите соодветни подготовки и да се запознаете со постапката за правилно собирање и складирање на одредени видови примероци. Нашата улога е да ви помогнеме во тоа!
За повеќето лабораториски испитувања на крвта неопходна е подготовка која подразбира земање на примерок (на празен стомак) наутро, 12 часа од последниот оброк, а доколку се одредуваат липиди 12-14 часа.
Ова е неопходно затоа што консумацијата на храна во периодот пред земањето на крвта доведува до пораст на концентрацијата на глукоза, липиди ( холестерол, триглицериди ) протеини, серумско железо и други метаболити.
Еден ден пред лабораториските анализи:
- Треба да консумирате лесна храна.
- Храната да не е богата со масти и шеќери.
- Последниот оброк да не е обилен и да е најдоцна до 18 часот.
Пред да дојдете во лабораторија за земање на крв:
- Треба да бидете гладни 10-12 часа
- Не треба да консумирате храна и напитоци.
- Можете да пиете вода ( по потреба ).
Пред вадењето на крвта треба да се избегнува физичка активности, затоа што влијае на зголемувањето на нивоата на поединечни ензими ( пр. Креатин Киназа (CK) и Лактат дехидрогеназа (LDH ).
Треба да се знае дека вадењето на крв за пролактин, кортизол, ACTH и катехоламини мора да се изведува во состојба на потполна релаксација и мирување(лежење) од 20 до 30 минути. Овие хормони покажуваат изразено дневно варирање, затоа, времето и профилот за вадење крв треба да ги одреди самиот лекар.
За пациентите кои се на орална антикоагулантна терапија се препорачува вадење на крв во утринските часови и земање на вообичаената терапија после вадењето на крвта. Ова важи и за пациентите кои се на било која хронична терапија.
За да се добијат веродостојни резултати , во договор со докторот,вадењето на крвта треба да се врши после прекин со терапијата и wash out периодот ( времето неопходно целиот лек да се исфрли од организмот и реално се одредат нови базални вредности ) ова особено се однесува на терапија со железо, витамински препарати, хормонска терапија и друго.
За анализи при кои се одредува 24-часовна урина(целодневна) треба да испиете 6 до 8 чаши вода (околу 1,5 Литри ). Урината може да ја собирате во чисто пластично шише ( најдобро од флаширана вода- околу 2 Литра ).
Првото утро на собирање на урината,најпрво комплетно испразнете го мочниот меур. ФРЛЕТЕ ја таа урина и забележете го времето. Собирајте ги СИТЕ примероци на урина во текот на денот и ноќта во пластично шише. Точно 24 часа од почетокот на собирањето,комплетно испразнете го мочниот меур и целата урина додајте ја на претходната количина. Овој последен примерок ја комплетира Вашата 24 часовна урина. За време на целата постапка на собирање садот ( или садовите ) потребно е да се чуваат на ладно и темно место. Откакао ќе се собере примерокот потребно е истиот ден да се донесе во лабораторија.
Исклучително е важно да се донесе целото количество собрана урина во лабораторија.
За преглед на урината неопходно е да се земе,после лична хигиена ( тоалета со топла вода и сапун ), првата утринска урина ( среден млаз ) во стерилен сад и во најкраток можен рок да се донесе во лабораторија.
Ако пациентот не е во можност да дојде веднаш, урината може да се држи во фрижидер некое време.Прегледот на примерокот од урина трба да се направи најкасно 2 часа од неговото земање, а максимално 4 часа ако урината се чува во фрижидер.