Пред да пристигнете

Документи за лична идентификација
Пред да дојдете на Вашиот закажан термин за преглед, задолжително е со себе да понесете документи за лична идентификација ( лична карта, здравствена книшка, пасош, или возачка дозвола и сл.).

Подготовка пред преглед
Пред да дојдете на закажаниот термин не заборавајте да ги проверите деталите за истиот. Прочитајте го краткиот прирачник напишан од нашите доктори за како правилно да се подготвите за преглед.

Резултати од претходни прегледи
Доколку претходно имате извршено други прегледи, во други здравствени установи и поседувате резултати (наоди) поврзани со закажаниот термин, би било пожелно да ги понесете со Вас.
За време на Вашиот престој
По Вашето отпуштање
Отпус на пациентот
При отпис од болницата добивате отпусно писмо. Медицинскиот персонал задолжително ќе Ви посочи совети за правилна нега, исхрана, начин на живеење, примање на терапија , важност од лекарски контроли и сл.
Начин на плаќање
Плаќањето на здравствените услуги се врши на приемниот пулт, откако ќе завршите со сите услуги во болницата. Плаќањето може да го извршите во готово или со платежна картичка.