- При отпис од болницата добивате отпусно писмо;
- Медицинскиот персонал задолжително ќе Ви посочи совети за правилна нега, исхрана, начин на живеење, примање на терапија и ќе Ви укаже на важноста од лекарски контроли;
- Пред да заминете од нашата установа осигурајте се дека правилно сте ги разбрале посочените инструкции за понатамошно лекување и потврдете го терминот за контрола;
- Редовно земајте ја препишаната терапија од докторот која е напишана во отпусното писмо и доколку забележите некаква промена веднаш контактирајте го Вашиот доктор;
- Закажаната лекарска контрола - не ја заборавајте, таа е од исклучителна важност за Вашата здравствена состојба;
- При промена или влошување на состојбата веднаш известете го Вашиот доктор!