Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Проф. Д-р Илија Тодоров

Проф. Д-р Илија Тодоров

Специјалист по општа хирургија и трауматологија
  • :
    Над 5000 операции на сите видови скршеници на скелетот
  • :
    Над 1000 операции на ‘рбетен столб
  • :
    Над 15000 прегледи по трауматологијата и спиналната хирургија

Профил

Проф. Д-р Илија Тодоров специјалист по општа хирургија и трауматологија, со долгогодишно работно искуство на Универзитетската Хируршка клиника, своето знаење несебично го споделувал со студентите на Медицинскиот факултет во Скопје како редовен професор по општа хирургија. Своите амбиции ги насочува кон трауматологијата со што се вработува на JЗУ Универзитетска Клиниката за трауматологија во Скопје, каде што го поминува најголемиот дел од своето работно искуство. Паралелно бил хонорарен консултант во Хируршката клиника ‘Св.Наум Охридски’ во Скопје.Во 1988год. при Медицинскиот факултет во Скопје се стекнува со називот Доктор по медицински науки. Усовршувањата во својата дејност ги стекнува во повеке светски реномирани болници, дел од нив се болницата во Paris(Hospital Pitie кај Prof.Roy-Camille-spinal surgery), воLyon (Hospital Eduard Herriot кај Prof. Fisher-spinal surgery), во Brussels (Hospital Vrije кај Prof.Obdecam-orthopedic). Автор на повеќе дела меѓу кои ‘Клиничка трауматологија’ во 2000год. и ‘Неуротрауматологија’ во 2005год.

Достапни здравствени услуги

Прегледи
  • Преглед и конзервативен третман во областа на трауматологија
  • Преглед и конзервативен третман во областа на спинална хирургија
Хируршки интервенции
  • Хируршки интервенции на сите видови скршеници
  • Хируршки интервенции на вратен дискус
  • Дегенеративна и туморска патологија на ‘рбетот
  • Фиксација на ‘рбетен столб
  • Вертебропластика
  • Спинална стеноза

Поле на посебен интерес

Вертебропластика
Спинална стеноза
Вратен дискус

2019 - Во тек

Медицински директор во Општа болница Еуроиталиа во Скопје

2013-2019

Хонорарен консултант во ЈЗУ Хируршката клиника ‘Св.Наум Охридски’ во Скопје

1978-2013

Специјалист по хирургија и трауматологија на одделот за Трауматологија во Скопје.

1973-1978

Специјализант на Универзитетската хируршка клиника во Скопје.

  • Здружение на хирурзите на Македонија, претседател 1992-1994год.
  • Светско здружение на хирурзите
  • Европско здружение за итна хирургија и трауматологија
  • Spine expert group (Belgrade)
  • The North American Spine society (NASS)

1988

Доктор по медицински науки Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Медицински факултет -Скопје

1973-1978

Специјализација по општа хирургија и трауматологија, Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Медицински факултет- Скопје

1966-1972

Универзитет “Св.Кирил и Методиј”, Медицински факултет- Скопје

Закажете преглед

Hi, How Can We Help You?