Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Услуги на промоција

Услуги на промоција

Со редовна контрола до сигурно здравје!

Прегледите ги извршува Д-р. Мимоза Толевска – Специјалист по Радиологија

Ултразвучните прегледи значително ја намалуваат смртноста на жените од рак на дојката. Во одделот по Радиодијагностика , следниве услуги имаат 40% намалување во периодот од месец Март до месец Мај 2019:
Ехосонографија на дојки
Ехо на дојки е сосема безболна метода за рано откривање на болести на дојката – која секоја млада жена, девојка треба да ја направи барем еднаш годишно. Вообичаено се прави кај женската популација од 18 до 39 години.
Дигитална мамографија ( МГ )
Мамографијата претставува детален скрининг на дојките и вообичаено се прави кај жени по 40тата година од животот. Доколку постои историја на болеста во семејството, истата се препорачува и кај помлади пациентки со одлука на доктор специјалист.
Јавете се веднаш: +389 (0)2 5110 115 или закажете онлајн!

По повод месецот посветен на женското здравје и одделот по Интерна медицина ги намалува следниве услуги за 40%:

Ехосонографија на тироидеа
Ехо на тироидна жлезда е неинвазивна дијагностичка метода која со помош на ултразвучни бранови ни дава податоци за големината, градбата и прокрвареноста на тиридната жлезда.
За успешно комплетирање на дијагнозата и добивање на препорака за понатамошен третман, вообичаено се потребни дополнителни лабораториски испитувања на тироидните хормони, секако по индикација на доктор специјалист.
Дводимензионална ехокардиографија
Ехокардиографија, исто така позната и како ехо преглед на срце претставува не-инвазивно и потполно безболно дијагностичко испитување со кое се увидува анатомскиот изглед на срцето и големите крвни садови и се снима работата на срцето преку звучни бранови. Нема негативни ефекти и може да се примени и на рана возраст и кај трудници, а доколку е неопходно, испитувањето може да се повтори.
Ехосонографија на абдомен
Ехо на абдомен – користи звучни бранови за да произведе слики од структурите во горниот дел на стомакот. Се препорачува за да помогне во дијагностицирање на болка или дистензија, како и вреднување на бубрезите, црниот дроб, жолчната кеса и канали, панкреасот, слезината и абдоминалната аорта. Ехото е безбедна и не инвазивна метода и не користи јонизирачко зрачење.
Јавете се веднаш: +389 (0)2 5110 115 или закажете онлајн!

Прегледите ги извршува Д-р. Јасмина Зафировска – Специјалист по Интерна медицина

Hi, How Can We Help You?