Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Торбичка за пациенти

Торбичка за пациенти

Доколку треба да бидете згрижени на болничко лекување во нашата установа за Вас таа обезбедува болнички сет кој содржи:

  • чисти пешкири;
  • чисти пижами;
  • чисти влечки;
  • сапун, купка, шампон;
  • торбичка за пациент;
Со себе треба да понесете :
  • сет за лична хигиена ( четка за заби, паста, чешел и доколку ви се неопходни – хигиенски влошки )
MPE_2164 согласност со голем зум

Останати препораки:

  • Ве молиме не носете со себе вреден накит ( златни предмети ), скапоцени часовници или други вредни предмети, како и големи суми на парични средства.
  • Исто така Ве молиме не носете голем багаж и габаритни торби, бидејќи просторот за складирање на личните предмети е строго ограничен.
  • Доколку сакате може да понесете со Вас мобилен телефон, таблет или лаптоп, со претходно одобрување на медицинскиот персонал. Општа болница Еуроиталиа - како приватна здравствена установа не прифаќа никаква одговорност доколку нешто од истите биде изгубенo или украденo.
  • За сите пациенти е достапна бесплатна wifi мрежа ( интернет ).
  • Во текот на вашиот престој Ви овозможуваме тотална приватност и дискреција во нашата установа.
  • Од особена важност во текот на вашиот престој во нашата болница е доколку користите мобилен телефон, лаптоп или таблет – е да го почитувате Кодексот на добро однесување – поточно да бидете дискретни и да не ги вознемирувате останатите пациенти.

Почитување на забраната за пушење

Пушењето е строго забрането за пациентите, посетителите и вработените во целиот објект. Забраната за пушење важи не само за сите простории во установата туку и за зелената површина околу објектот и паркинг просторот. Еуроиталиа е болница која се грижи за околината и за промовирањето на штетните влијанија од пушењето. Токму поради тоа се труди непречено да се почитува забраната за пушење и ги едуцира своите посетители за штетните влијанија и ризиците од пушењето.
Hi, How Can We Help You?