Како интегрален дел од одделот Ортопедија во нашата приватна установа се вбројува и неврохирургијата – која ги проучува проблемите поврзани со нервниот систем, мозокот, рбетниот столб и периферните нерви. Се состои од дијагностицирање, рехабилитација и третман на ваквите заболувања. Благодарение на развојот на медицината како и технологијата, третманот за лечење на ваквите болести може да биде како хируршки, така и нехируршки, односно со примена на инвазивни и неинвазивни методи.
Во нашата општа болница Еуроиталиа, под спиналната хирургија, како составен дел од неврохирургијата, се третираат заболувањата на рбетниот столб кој се состои од 3 дела: цервикален, торакален и лумбосакрален.
За да се дојде до точната дијагноза, најчесто како методи за откривање и дијагностицирање на заболувањето се користи дигиталниот рентген како и магнетната резонанца, а исто така и компјутерската томографија. Должината на третманот за сите нарушувања како и рехабилитацијата од истиот кај секој пациент е индивидуален. Во зависност од дијагнозата, третманот може да се изведе и во амбуланта, меѓутоа покомплексните интервенции и третмани се изведуваат во оперативниот блок каде постои можност за евентуална постоперативна хоспитализација.

Листа на достапни услуги по спинална хирургија во општа болница Еуроиталиа
Почитувани пациенти, во информативните текстови подолу го појаснуваме текот на здравствените услуги кои се достапни во одделот по спинална хирургија и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!
Лечење на заболувањата на 'рбетниот столб
- Лумбална дискус херниа со микрохируршка операција
- Лумбална дискус херниа со апликација на медицински озон/хемонуклеолиза во локална анестезија со РТГ контрола
- Лумбаго со апликација на медицински озон во локална анестезија под КТ
- Отстранување на болките при лумбална дискус херниа со апликација на медицински озон во близина на нервот со помош на КТ
- Операција кај стеснување на ‘рбетниот канал
Како додатна терапија кај различните видови заболувања на мускулно-скелетен систем голема примена наоѓа терапијата со медицински озон. Ваквата терапија се користи за најразлични медицински цели и дава одлични резултати. Озонот е висока, реактивна молекула што покажува одлични бактерицидни, антивирусни и фунгицидни особини. Терапијата со Озон во медицината за прв пат се споменува во далечната 1920 година. Досегашното искуство со примената на ваквата терапија која била применета на пациенти со различни дијагнози, не покажало негативен ефект врз здравјето и животот на истите. Во Еуроиталиа Општа болница со апликација на медицински озон – како додатна терапија успешно се третираат не само заболувањата на мускулно-скелетниот систем, туку и широк спектар на други болести! За дополнителни информации слободно јавете се на долунаведените телефонски броеви, нашите оператори Ве очекуваат!
- +389 (02) 5110 115
- +389 (02) 5116 005
- +389 (02) 5116 006
Апликација на медицински озон кај други заболувања на мускуло-скелетниот систем
- Болки во мускулите со апликација на медицински озон
- Болки во зглобовите со апликација на медицински озон
Апликација на озон кај други заболувања како додатна терапија
- Сите видови онколошки заболувања ( освен леукемија )
- Сите видови на автоимуни заболувања
- Реуматоиден артритис, псоријатичен артритис, лупус еритематодес
- Заболувања на нервниот систем
- Мултипна склероза, амиотрофична латерална склероза
- Заболувања на централниот нервен систем
- Состојби после мозочен удар
- Превенција на повторен мозочен удар
- Заболувања на дебелото црево со директна апликација на медицински озон во него
- Сите видови на запаленски заболувања
- Proctit
- Улцерозен Colits
- Состојби после операција на карцином на дебелото црево
- Подигнување на имунитетот
- Кардиоваскуларни болести
- Инсуфициентна циркулација
- Состојби после инфаркт на срце и превенција од нов
- Инсуфициентна циркулација кај шеќерна болест
- Превенција на појава од рани по нозете кај шеќерна болест
- Третман на рани на нозете кај шеќерна болест
- Вирусни заболувања
- Хепатитис Б
- Хепатитис Ц
- АИДС/СИДА