Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Свечено отварање

Свечено Отварање ( 28 Ноември 2018 ) Во Среда, на ден 28 Ноември 2018 со почеток во 17 часот Италијанскиот инвеститор г-динот ДеЛука со осoбена чест и задоволство во присуство на Министерот за здравство Венко Филипче, италијанскиот амбасадор Карло Ромео и други државни службеници ги отвори ширум вратите на првата приватна Итало-Македонска ОПШТА Болница Еуроиталиа во Петровец – Скопје. Болницата која се протега на површина од 20 000 метри квадратни е приватен здравствен комплекс од 7 ката во кој веќе од поодамна функционираат дијагностичките оддели по Лабораторија ( Биохемија и Микробиологија ) и Радиодијагностичкиот центар опремен со најсовремена медицинска апаратура, а сега веќе започнуваат со работа и одделите по Интерна Медицина, Општа и абдоминална хирургија, Ортпедија и Трауматологија, и одделот за Анестезија и интензивно лекување, а во процес на отварање се Интервентната Кардиологија, одделот Урологија, Стоматологија, Офталмологија, ОРЛ и Физикална терапија. Структурата поседува Оперативен блок сали и Болнички стационар од 80 легла само на еден кат, но исто така и Болничка сопствена фармација. Дозволете ни заедно да го означиме новиот почеток на оваа голема и неизмерно значајна инвестиција за македонското здравство!

Hi, How Can We Help You?