Свечено Осветување ( 20 Август 2018 ) Поглаварот на македонската Православна црква и Охридската Архиепископија , неговата Светост г-дин, г-дин Стефан на ден понеделник 20 Август 2018 заедно со свештеници и други црковни припадници ја проследи Светата Литургија осветувајќи го целосно здравствениот приватен комплекс Еуроиталиа во Петровец. На настанот присуствуваа видни личности од македонското општество, реномирани доктори и професори, градоначалникот на Општина Петровец и многубројни граѓани коишто изразија голем интерес за здравствената структура која во иднина се очекува да стане европски здравствен центар во кој квалитетот на здравствените услуги е гарантиран за сите граѓани на Македонија и пошироко.