Медицинската Радиологија постои повеќе од еден век.
Како гранка во медицината се развила уште во далечната 1895 година кога Wilhem Conrad Rὂntgen го открил рентгенското зрачење или рентгенските зраци и го опишал нивното делување.
Оваа гранка од медицината подразбира примена на разни видови на зраци со цел таргетирање, дијаностицирање и лечење на разни болести.
Рентгенот првично се правел на стаклени фотографски плочи, но со текот на годините рентгенот како метода се модернизира и рентгенските снимки се снимаат и складираат дигитално.
Во денешната радиологија освен рентген снимање за дијагностички цели се користат и ултразвук, радиобранови како и радио изотопи.
Можеме да наброиме неколку методи кои се користат во дијагностичката радиологија кои им помагаат на докторите поефикасно да го дијагностицираат заболувањето:
- Дигитална Рентген снимка ( РТГ )
- Ехосонографски снимања ( снимања со ултразвук )
- Дигитална Мамографија ( МГ )
- Компјутерска томографија ( КТ )
- Магнетна Резонанца ( МР )
Доколку имате потреба од радидијагностичко снимање, Еуроиталиа Општа болница поседува комплетно опремен Радиодијагностички центар со современа апаратура каде на најбезбеден и брз начин, без листи на чекање и гужви можете да ги извршите сите прегледи.
За нас како установа, Вашата безбедност е на прво место, како што е и квалитетот на самите радиодијагностички снимки.
Ако сте пациент кој немал искуство со ваков тип на снимање, бидете безгрижни нашиот тим Ви стои на целосно располагање и тука е да Ви даде максимална поддршка и да Ве проследи во сите сегменти од процедурата.
Сите оние пациенти откако ќе закажат термин во одделот Радиологија – навремено ќе им бидат дадени соодветни инструкции и совети во врска со подготовката пред снимањето.
Пред самиот чин на снимање, за некои одредени снимања, пациентите ќе бидат известени да се појават гладни или жедни или пак ќе им биде побарано да конзумираат повеќе течности неколку часа пред прегледот.
Од исклучителна важност е да ги следите дадените инструкции, но доколку имате било какви прашања во врска со било кој сегмент од процедурата – ТИМОТ на општа болница Еуроиталиа Ви стои на комплетно располагање!
Листа на достапни здравствени услуги по радиологија во општа болница Еуроиталиа
Преглед со Компјутерска Томографија
Компјутерскиот апарат со помош на рентген зраци ( јонизирачко зрачење ) процесира серија од слики ( детален надолжен и напречен приказ ) кои му овозможуваат на докторот јасно да ги види и разграничи здравите од заболените ткива.
Кои се добрите страни на КТ снимањето и зошто треба да го направам?
КТ може да му помогне на Вашиот доктор да ја открие причината за Вашиот проблем а со тоа и навремено да Ви биде понуден најдобриот третман за Вас. Компјутерската томографија се користи за дијагностицирање на :
- скршеници на коските
- повреди на внатрешните органи
- проблеми со крвните садови
- дијагностицирање на рак и туморозни промени
Дали постои некаков ризик ?
Што треба да облечам ?
Препорачливо е да облечете удобна облека која доколку е потребно за целите на снимањето ќе треба да ја соблечете. Доколку е неопходно, нашиот персонал ќе Ви достави специјална стерилна наметка за еднократна употреба само за потребите на снимањето. Метални декоративни предмети на вашето тело како што се:
- метални копчиња
- слушни помагала
- метални патенти
- накит, пирсови или украси за коса
не се дозволени во текот на снимањето. Доколку имате некакви нејаснотии и прашања во врска со истите Ве молиме контактирајте нe.
Дали има други алтернативни снимања ?
Политика на согласност
Радиолошкиот техничар ( кој е дел од тимот на радиологија обучен технички да ги изведува снимањата ) по влегувањето во одделот за Радиодијагностика ќе побара од Вас да ги пополните дополнителните формулари за согласност и ќе Ве информира за текот и постапката на самиот преглед.
Што треба да направам за да се подготвам за снимањето ?
Пред да го направите компјутерското снимање ( КТ ) Ве молиме почитувајте ги следните инструкции:
- пред снимањето препорачливо е да бидете гладни или последниот оброк да биде 3 – 4 часа пред снимањето
- доколку треба да направите КТ снимање на абдомен задолжително е да бидете гладни! Нашиот совет е во текот на предходниот ден да бидете на потечна храна ( супа, чорба ) и да ја прескокнете вечерата.
- доколку земате некакви лекови – терапија, Ве молиме продолжете да ги земате како вообичаено, освен ако Вашиот доктор не Ве советувал поинаку.
- Доколку имате било каква грижа или прашање во врска со земањето на препишаната терапија – слободно контактирајте не! Нашите доктори стојат на Ваше располагање!
- доколку пак, сте бремена веднаш известете го докторот. Компјутерската Томографија не е препорачлива во текот на бременоста!
Дали во текот на снимањето ќе се употребува контрасно средство ?
Што се случува за време на Компјутерската Томографија ?
Пациентот се поставува во лежечка положба на кревет кој може да се ротира горе или долу и да се движи кон центарот на внатрешноста на кружниот дел. Во машината е вградена рентгенска цевка која ротира околу телото на пациентот и произведува слики од различни агли на телото. Во текот на целото снимање ќе биде потребно да мирувате. За да се задржи правилната положба на телото дополнително во текот на снимањето доколку има потреба ќе бидат употребени стегачи или специјални перничиња. Откако ќе бидете правилно позиционирани од страна на радиолошкиот техничар, тој/таа ќе ја напушти просторијата и заедно со доктор специјалист по Радиологија од помошната техничка просторија преку прозорецот ќе го следат целокупното снимање.
Во текот на целото снимање ќе бидете во можност преку интерфон да комуницирате со докторот специјалист по радиологија и со радиолошкиот техничар.
За било каков сомнеж или прашање, слободно консултирајте се со нашиот тим пред самото снимање. Тимот на Еуроиталиа Ви стои на располагање!
Колку долго ќе трае прегледот ?
Дали ќе почувствувам нешто ?
Што се случува потоа ?
Во повеќето случаи, веднаш штом скенирањето е завршено, можете да си одите дома или пак да се вратите на болничкиот оддел каде што престојувате.
Доколку Ви било аплицирано контрасно средство ќе побараме од Вас да почекате 10 до 30 минути пред да го напуштите одделот. По препорака на докторот можеби ќе треба да конзумирате вода или други течности за време на оваа кратка пауза. Паузата од 10 до 30 минути на одделот е препорака со цел да се осигураме дека сте добро и дека нема настанато некаква алергиска реакција. По завршувањето на целокупниот преглед можете да продолжите со Вашите вообичаени активности.
Кога ќе ги добијам резултатите?
Преглед со Магнетна Резонанца
Магнетната резонанца користи комбинација од магнети и радио – бранови со чија помош се прават детални слики од човечкото тело. При изведувањето на Магнетната резонанца не се вклучени X – зраци и јонизирачки зрачења и со самото тоа кога се извршува оваа процедура пациентот не е изложен на никакво зрачење и ризик од истото.
Кои се предностите на МР снимањето?
Магнетната резонанца може да Ви помогне да откриете што е причината за Вашиот проблем и да му помогне на Вашиот доктор да го одбере вистинскиот третман за Вас. Магнетната резонанца произведува детална слика од Вашето тело и се употребува за снимање на речиси сите делови од телото:
- мозок и р’бетен столб
- коски и зглобови
- граден кош и дојки
- внатрешни органи како што се црн дроб, матка, простата и сл.
Магнетната резонанца дава многу јасни и прецизни слики на мекоткивните структури околу коските, но и на промените на структурата на коските. Преку Магнетната резонанца може порано да биде откриено и дијагностицирано заболувањето, а со тоа поуспешно ќе биде и лекувањето.
Дали постои некаков ризик ?
Магнетната резонанца не е препорачлива кај пациентите кои имаат вградено пејсмејкер или метални импланти кои не се изградени од титаниумски материјал.
Повеќе за оваа тематика ќе прочитате подолу во истиов информативен текст. Доколку пациентот е во рана бременост, пред се, во првите 3 месеци од бременоста не е препорачливо да се извршува магнетно снимање и задолжително консултирајте се со Вашиот доктор!
За било каков сомнеж или прашање пред самото снимање слободно консултирајте се со радидијагностичкиот тим на Еуроиталиа!
Метални импланти или фрагменти
Се зависи од видот на материјалот од кој се изработени. Доколку станува збор за титаниумски материјал на безбеден начин може да се изведе снимањето. Од исклучителна важност е да го известите нашиот тим по радиологија доколку поседувате вакви метални фрагменти и импланти.
Под метални фрагменти и импланти подразбираме:
- Пејсмејкер
- Стент
- Слушни апарати
- Вештачки импланти во пределот на окото
- Ортопедски Вештачки зглобови ( вештачки колк, вештачко колено )
- Хируршки спојки
- Ортопедски плочки, шипки или штрафови
Тетоважи
Што треба да облечам?
Препорачливо е да облечете удобна облека која доколку е потребно ќе треба да ја соблечете. Нашиот персонал ќе Ви достави специјална стерилна наметка за еднократна употреба само за потребите на снимањето. Метални декоративни предмети на Вашето тело како што се :
- часовници
- обетки, ланчиња
- украси во коса
- облека која соджи метални патенти и копчиња
не се дозволени во текот на снимањето. Истите мора да ги отстраните пред да се снимате бидејќи може негативно да влијаат врз магнетот.
Дали има други алтернативи снимања?
Политика на согласност
Радиолошкиот техничар/ка ( кој е дел од тимот на радиологија обучен технички да изведува снимањата ) по влегувањето во одделот за Радиодијагностика ќе побара од Вас да ги пополните дополнителните формулари за согласност и ќе Ве информира за текот и постапката на самиот преглед.
Што треба да направам за да се подготвам за снимањето?
Пред да го направите магнетното снимање ( МР ) Ве молиме да ги следите следните инструкции:
- можете слободно да јадете храна и да внесувате течности во умерена количина зависно од тоа за кој дел од телото ќе се изведува снимањето
- во одредени случаеви ќе бидете замолени да не внесувате храна и течности 4 часа пред снимањето,
- зависно од типот на снимањето може ќе Ви биде препорачано да внесувате поголема количина на течности
- доколку треба да направите МР снимање на абдомен препорачливо е да бидете гладни,
- вашата вообичаена терапија на лекарства – Ве молиме продолжете да ја земате како вообичаено, освен ако Вашиот доктор не Ве советувал поинаку,
- доколку сте бремена веднаш известете го нашиот тим од доктори. Магнетна Резонанца не е препорачлива во првите 3 месеци во текот на бременоста, а за останатите гестациски месеци задолжително консултирајте се со доктор!
Дали во текот на снимањето ќе се употребува контрасно средство?
Во исклучителни случаеви контрастното средство може да предизвика на пример црвенило и јадеж на кожата. Овие појави се со мал интензитет и не траат долго. Доколку имате одредени алергии навремено известете го нашиот радиолог. А, доколку почувствувате нелагодност по снимањето веднаш информирајте го нашиот тим. Во Еуроиталиа општа болница тимот во одделот по Радиодијагностика е тука за Вас за да Ви даде одговор на сите Ваши дополнителни прашања!
Што се случува за време на магнетното снимањето?
Пациентот во текот на снимањето е поставен во лежечка положба на ротирачки кревет кој се движи кон внатрешноста на тунелот. За да се задржи правилната положба на телото дополнително пред почетокот на снимањето доколку има потреба ќе бидат употребени стегачи и перничиња. Радиолошкиот техничар ќе Ви помогне правилно да го позиционирате Вашето тело со сите неопходни помагала. Во текот на целокупното снимање од особена важност е пациентот да мирува.
Откако ќе бидете правилно позиционирани со помош на ротирачкиот кревет ќе бидете придвижени во внатрешноста на апаратот.
Радиолошкиот техничар ќе ја напушти просторијата и заедно со докторот специјалист по Радиологија од техничката просторија преку прозорецот ќе го следат целокупното снимање. Во текот на целото снимање ќе бидете во можност преку интерфон да комуницирате со докторот специјалист Радиолог и радиолошкиот техничар.
Магнетниот апарат во текот на снимањето произведува досаден звук кој прави малку бучава. Токму заради таа причина ќе Ви бидат дадени ушни тампони се со цел да се намали вревата.
Колку долго ќе трае снимањето?
Дали ќе почувствувам нешто?
Снимањето е сосема безболно.
Најтешкиот дел е да останете мирни. Осигурете се да Ви биде што е можно поудобно пред да се започне со снимањето и обидете се да се опуштите. Скенерот на МР е краток тунел, но сепак доколку сте клаустрофобични ( страв од затворен простор ) Ве молиме да не информирате! Пред да започне снимањето ќе Ви биде предаден специјален далечински управувач со копче за автоматско прекинување на снимањето. Доколку го притиснете ќе ја прекинете работата на машината ( МР ).
Во случај на паника имате право да реагирате со притискање на копчето, меѓутоа имајте на ум дека МР снимање не е препорачливо да се повторува повеќе пати, а и истото би Ве чинело многу повеќе доколку се повторува.
Согласно со потребите на пациентите кои треба да извршат МР снимање, а не се во состојба да останат мирни во текот на самото снимање, како и за деца – Еуроиталиа Општа болница нуди можност за апликација на краткотрајна анестезија. Анестезија која трае само додека трае процесот на снимањето. Истата се аплицира интра – венски од страна на доктор специјалист по Анестезија.
Што се случува потоа?
Доколку Ви било аплицирано контрасно средство ќе побараме од Вас да почекате 10 минути пред да го напуштите одделот. Оваа препорака е за да се осигураме дека сте добро и дека нема настанато некаква алергиска реакција. По завршувањето на целокупниот преглед можете да продолжите со Вашите вообичаени активности.
Кога ќе ги добијам резултатите?
Резултатот го добивате во текот на истиот ден кога е извршено снимањето или најдоцна до 1 ден по снимањето.
Преглед Ехосонографија или Ехо на дојки
Што претставува ехо на дојки ?
Која е добрата стана и зошто треба да го направам овој преглед?
Дали постои ризик ?
Што треба да облечам ?
Дали има други алтернативи прегледи ?
Политика на согласност
Што се случува за време на процедурата?
Докторот специјалист по Радиологија ќе дискутира со Вас за Вашиот здравствен проблем со дојките. Ќе бидете замолени да ја соблечете облеката од половината нагоре. Прегледот се изведува во лежечка позиција. На вашите дојки ќе биде нанесен проѕирен гел кој ќе овозможи на ултразвучната сонда да се движи лесно врз кожата, површината на дојката и помага да се направат јасни слики. Докторот специјалист по Радиологија со нежни движења ќе ја поместува сондата по површината на дојката се со цел детално да може да се забележат сите промени настанати во истата.
Дали ќе почувствувам некаква болка?
Што се случува по извршениот преглед?
Што треба да направам откако ќе се вратам дома?
Што треба да правам доколку добијам некаква реакција од прегледот ?
Контролен преглед
Доколку имате некакви прашања или сте загрижени за некоја од препишаните препораки слободно контактирајте не! Еуроиталиа општа болница Ви стои на располагање!
Преглед Мамографија
Во информативниот текст подолу го појаснуваме текот на процедурата и што можете да очекувате од истата.
Што претставува мамографијата?
Која е добрата страна и зошто треба да го направам овој преглед ?
Дали постои ризик ?
Дали има други алтернативи ?
Доколку не сакате да направите мамографија, нашите врвни специјалисти по радиологија ќе ви предложат друг алтернативен начин на снимање на пример: Магнетна Резонанца ( МР ) на дојки.
Што треба да облечам ?
Политика на согласност
Што се случува за време на прегледот ?
Обично се прават две снимки од секоја града посебно, но доколку вашите гради се поголеми неопходно ќе биде да се направат повеќе слики. Радиолошкиот техничар ќе Ве извести доколку има потреба за тоа.
Ќе почувствувам ли некаква болка ?
Што се случува по процедурата ?
Што треба да направам откако ќе се вратам дома ?
Што треба да правам доколку добијам некаква реакција од прегледот ?
Контролен преглед
Ве молиме да се придржувате до советите препишани од истиот и да го известите Приемниот пулт на Еуроиталиа општа болница доколку не сте во можност да дојдете на контролниот преглед!
Доколку имате некакви прашања или сте загрижени за некоја од препишаните препораки слободно контактирајте не! Тимот на општа болница Еуроиталиа Ви стои на комплетно располагање!
Преглед со дигитален рентген
Што е дигитален рентген ( РТГ ) ?
Механизмот на добивање на рентген слика се должи на продорното дејство на рентген зраците како и способноста на човечкото ткиво истите да ги апсорбира. Секое ткиво има различна апсорпциона моќ која зависи од самата густина на ткивото. Тоа во најголема мера помага за разграничување на типот на ткивото на снимката. Со брзиот развој на технологијата оваа процедура е комплетно дигитализирана така што денеска се користи детекторски панел кој со огромна прецизност и висока резолуција богата со пиксели го прифаќа снопот кој минал низ телото и како таков го претвора во дигитален запис кој потоа може да се обработува на најразличен начин и да се складира на секаков вид медиум како на пример CD или DVD.
Кои се предностите од ретген снимањето?
Дали постои ризик ?
Дигиталниот рентген емитира рентгенско зрачење кое е сосема мало и контролирано. Но доколку сте, или мислите дека сте бремени или имате некое специфично заболување, тогаш задолжително известете го нашиот тим пред самата процедура!
Што треба да облечам ?
Металните закопчувања како што се патентите, копчињата или пак накит- обетки, пирсови, прстени – ќе се појават и ќе попречат при скенирањето, така што ќе побараме од Вас да ги отстраните сите метални додатоци кои ги поседувате пред самото снимање!
Дали има други алтернативи ?
Постојат и други алтернативни методи за преглед, како што е – Компијутерска томографија ( КТ ) или пак Магнетна резонанца ( МР ) .
Политика на согласност
Што треба да направам за да се подготвам за снимањето?
Што се случува за време на рентген снимање ?
Следува позиционирање на пациентот врз апаратот, било да е тоа во седечка, стоечка, или лежечка позиција – во зависност од тоа кој дел од телото треба да се снима.
Самата експозиција трае само мал дел од секундата.
По снимањето, кај современите – дигиталните рентген апарати како што е и нашиот Brivio DRF во Еуроиталиа општа болница – тоа се врши со едноставно пренесување на сликата од мониторот до единицата за “суво развивање” и таквата процедура е многу поедноставна и трае еден миг.
Колку долго ќе трае снимањето ?
Дали ќе почувствувам некаква болка ?
Што се случува по снимањето?
Кога ќе ги добијам резултатите?
Дигиталниот рентген во општа болница Еуроиталиа е преглед кој не мора да го закажете. Слободно дојдете во нашата болница, пријавете се на Приемниот пулт и нашиот тим ќе Ве спроведе веднаш!
Други здравствени услуги достапни во Радиодијагностичкиот центар
Во општа болница Еуроиталиа се прават и различни видови на биопсија, како на пример: тенко-иглена биопсија на меки ткива под ехо или пак кор-биопсија на меки ткива под ехо.
За повеќе информации за самата постапка како и за достапноста на други видови на биопсии, но и за термини за закажување – јавете се на долунаведените телефонски броеви, нашите оператори Ве очекуваат!
- +389 (02) 5110 115
- +389 (02) 5116 005
- +389 (02) 5116 006