Доколку во нашата здравствена установа пристигне лице со одредена попреченост во својот развој или инвалидитет, секогаш сме подготвени да пристапиме пружајќи му беспрекорна помош.
Имено, Општа Болница Еуроиталиа располага со помошни медицински легла и инвалидски колички со кои управуваат висококвалификувани кадри – се со цел да излеземе во пресрет на пациентот на кој му е потребна поддршка од ваков тип.
Ве молиме информирајте ги нашите оператори за Вашата потреба од специјална поддршка за лица со редуцирана моторика – во моментот кога го закажувате прегледот со цел истата навремено да може да ја обезбедиме.