Општа Болница Еуроиталиа – освен тоа што е здравствена приватна установа во која е достапна европска здравствена нега за Вашето здравје, таа воедно претставува и бизнис – плодна почва за соработка со сите заинтересирани национални и интернационални компании.
Со својата стратешка географска положба ( Централен Балкан ), со своите структурни капацитети и бројот на достапни кревети од болничкиот стационар како и сродните индустрии кои можат да произлезат од истата – но најповеќе со огромниот потенцијал за развивање и проширување кон целата територија на Балканот, Општа Болница Еуроиталиа – нуди несекојдневна можност за започнување на плодна соработка со сите заинтересирани и потенцијални партнер – фирми кои имаат визија и се подготвени заеднички да дејствуваат во нејзиното глобално или локално управување и развој.
Доколку имате идеја за било каква заедничка соработка и би сакале да стапите во контакт со нас, Вашето предлог барање доставете го на следнава e-mail адреса: contact@euroitalia.mk со назнака “Барање за соработка”.
Бидете дел од големото семејство Еуроиталиа!