Болничко лекување
Болничкото лекување се однесува за сите оние пациенти на коишто според претходно утврдена дијагноза неопходно е да се реализира, поинтензивна терапија, покомплицирана процедура во лечење или хирушка интервенција и понатамошно лекување и нега во болнички стационар.
Во нашата здравствена структура на болничко лекување би можеле да бидат третирани и пациенти на кои им е потребна исклучиво интензивна нега.
Болничкото лекување во општа болница Еуроиталиа е поделено на три дела:
Листа на достапни здравствени услуги за болничко лекување во општа болница Еуроиталиа
Анестезија, интензивна нега и реанимација
Подетални информации може да прочитате на следниот линк: Анестезија и интензивна нега
Стерилизација
Оперативен блок сали
Нашата здравствена установа Еуроиталиа располага со две оперативни сали во кои се изведуваат хируршки интервенции од општа и абдоминална хирургија, трауматологија и ортопедија, следејќи ги најновите трендови на побезболни оперативни зафати и минимално инвазивни техники кои обезбедуваат побрзо пост-оперативно закрепнување!
Со оглед на тоа што здравјето на пациентите ни е приоритет, оваа болница е опремена со најсовремена технологија и апаратура. Сите инсталации во оперативните сали се направени според највисоките европски стандарди, односно со сигурна електрична и водоводна инсталација и безбедни медицински гасови. Располагаме со комплетно нова и софистицирана вентилација, климатизација и ХЕПА филтрација на салите кадешто воздухот е комплетно регулиран. Со цел да не се појави непријатно струење – под постојан надзор се сите филтри низ кои поминува воздухот и постојано се следи неговата влажност.
Одделение ( Болнички стационар )
По оперативниот зафат, дел од пациентите го продолжуваат своето лекување на одделение или стационар каде се врши надзор и се обезбедува комплетно заздравување.
Нашата болница моментално располага со 80 болнички легла расподелени пропорционално во различни типови на соби и апартмани уредени според модерни и софистицирани стандарди во кои пациентите можат да го пронајдат својот мир, да се чувствуваат удобно во секој дел од денот и да закрепнат во најкраток можен рок, благодарение на негата што ја добиваат од страна на нашиот врвен тим. Спектарот на соби и апартмани што го нуди Општа Болница Еуроиталиа може да го погледнете на нашиот сајт во отсекот Сместувачки капацитети
Сите постапки што таму се одвиваат, секако се во корелација со другите специјалности кои првично ги згрижиле пациентите и иницирале нивна хоспитализација, а тоа се:
- Интерна медицина
- Општа хирургија
- Ортопедија и Трауматологија