Наша ВИЗИЈА е да го подобриме квалитетот на здравствената нега за СИТЕ пациенти и тоа преку :
- едуцирање на истите за нивното здравје на начин што и тие понатаму ќе прераснат во наши сојузници во самата грижа;
- поставување во пракса на систем во кој пациентот навистина е секогаш во централен фокус;
- промовирање на отворена комуникација која ги зајакнува односите меѓу вработените и пациентите и овозможува вклученост на целиот персонал а со тоа и континуирана тимска работа;
- создавање на корпоративна средина која ги охрабрува и поддржува иновативните идеи, безбедноста во третманите, креативноста и новите трендови и достигнувања во областа на медицината;
- воведување на култура на здравствена нега полна со љубов, хуманост, емпатија и максимална почит кон болниот;
- предвидување на предизвиците кои ги носи утрешниот ден и преку всадување на политика во која здравствената превенција игра клучна улога во зачувување на човековото здравје и благосостојба.
НАШИОТ
ПРИОРИТЕТ И МИСИЈА СТЕ ВИЕ!
ПОЧИТ и ЉУБЕЗНОСТ – во срцевината на нашите вредности.
НИЕ се грижиме за луѓето како за свое семјество.
Во ЕУРОИТАЛИА Општа Болница – ќе Ве освоиме со ЉУБЕЗНОСТА, со насмевката и со желбата да Ви обезбедиме секогаш позитивно искуство. Секој наш клиент, без оглед на неговата верска припадност, пол или националност – во нашата болница добива третман и нега полн со ПОЧИТ, максимална ДИСКРЕЦИЈА, комплетна ИНФОРМИРАНОСТ во врска со сите медицински процедури и пред се ИСКРЕНА и ОТВОРЕНА комуникација со нашиот тим.
Тука сме да бидеме до Вас и да Ве ислушаме секогаш кога тоа Ви е потребно!
КВАЛИТЕТ во се' што правиме
Со примена на ЕВРОПСКИТЕ стандарди во работењето и со поставување на пристап целосно ориентиран кон пациентот – нашата здравствена структура е единствената во државата која нуди европска грижа за Вашето здравје по најповолни цени.
КВАЛИТЕТ е во основата на сите наши третмани и медицински процедури. Секојдневно се залагаме да поставиме повисоки стандарди во работењето во полето на здравството со примена на најнова технологија и искуство со цел да добиеме поефикасна нега достапна за секој џеб, која во исто време придонесува да развиваме нови иновативни начини за да поттикнеме создавање на поздрави генерации.
БЕЗБЕДНОСТ во сите сегменти на здравствената дејност
Наша должност е да ги згрижиме сите пациенти на најадекватен начин, а со тоа да им обезбедиме побрзо закрепнување и буквално максимална безбедност во сите сегменти на лекувањето.