Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Микробиологија

Микробиологија

Лабораторија по Микробиологија

Во лабораторија за микробиологија при Еуроиталиа Општа болница се врши тестирање на примероци од пациенти, здравствени работници и нежива средина.

Микробиолошката лабораторија има клиничка улога, т.е. микробиолошките анализи овозможуваат изолирање на патогени причинители на инфективните болести, нивна идентификација, тестирање на осетливост, како и менаџирање на пациентите со инфективни болести.

Покрај тоа микробиолошката лабораторија придонесува во превенција и контрола на интрахоспиталните инфекции, контрола на болничката хигиена како и советување за антимикробна резистенција.

Поради огромното значење на факторот ‘време’ при инфекциите, во Еуроиталиа Општа Болница се трудиме да дадеме брз одговор со помош на електронска пошта и други алтернативни начини на комуникација, како и прелиминарни резултати кои можат да помогнат во контрола на инфекциите.

Интрадисциплинарната соработка ни е од големо значење па затоа во нашата општа болница Ви стоиме на целосно располагање за консултативни разговори.

За изолирање и идентификација на патогените причинители се спроведуваат неколку методи, како на пример: микроскопски, културелно, преку биохемиски реакции итн.

Антимикробна осетливост се одредува со диск-дифузиона метода и/или со метод на одредување на Минимална Инхибиторна Концетрација (МИК).

Листа на достапни здравствени услуги по микробиологија во општа болница Еуроиталиа

Во Еуроиталиа Општа Болница – микробиолошките испитувања се поделени во категории во зависност од инфицираната зона:

  1. Инфекции на Централен нервен систем
  2. Инфекции на очи
  3. Инфекции на горниот респираторен тракт
  4. Инфекции на долниот респираторен тракт
  5. Инфекции на дигестивниот систем
  6. Инфекции на урогениталниот тракт
  7. Инфекции во крвниот тек и кардиоваскуларниот систем
  8. Инфекции на кожа и меки ткива
  9. Инфекции на коски и зглобови
  10. Серолошка дијагностика
  11. Микробиолошка контрола на нежива средина
Почитувани пациенти, во информативните текстови го појаснуваме текот на здравствени услуги кои се достапни во одделот по микробиологија и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!

1. Инфекции на Централен нервен систем

За каква инфекција станува збор?

Најчести инфекции на централен нервен систем се: енцефалитис ( инфекција на мозок ) миелитис (инфекција на ‘рбетниот мозок), енцефаломиелитис и менингитис ( инфекција на обвивките на мозокот и ‘рбетниот мозок ).

Често, менингитис и енцефалитис се дел од истиот процес на инфекција.
За изолирање и идентификување на микроорганизми кои се предизвикувачи на инфекциите на централниот нервен систем може да се спроведе испитување преку култура на цереброспинална течност ( ликвор ) кој најчесто се зема со лумбална пункција, мозочен абцес – кој се зема преку аспират или мозочно ткиво кој се зема преку хирушка биопсија.

Кога се сомнева за присуство на бактериски/фунгален менингитис најдобро е да се спроведе култура на цереброспинална течност ( ликвор ).

За вирален менингитис најчесто се работи серолошка анализа на ликворот за покажување на антителата, или возможно е да се детектира агенсот преку молекуларни методи.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Ликвор ( Цереброспинален флуид )

2. Инфекции на очи

За каква инфекција станува збор?
Инфекциите на очи може да варираат од површински кои може да се третираат симптоматски или со топична антибиотска терапија, до инфекции загрозувачки за видот кои бараaт хируршка интервенција и парентерална антибиотска терапија. Инфекциите можат да се појават во анатомските структури околу окото се: конјуктивитис, блефаритис, каналикулитис, дакриоциститис, орбитални и периорбитални целулитис итн. Тие кои можат да се појават на површината на окото ( кератитис ) или внатре во глобот самото око ( ендофталмитис и увеитис / ретинитис ).
Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Брис од конјуктива за Chlamydia trachomatis
  • Брис од конјуктива за култивабилни бактерии

3. Инфекции на горниот респираторен тракт

За каква инфекција станува збор?

Респираторниот тракт е најизложеното место за инфективните болести.

Овој систем е најлесниот влез во човечкиот организам за многубројните микроорганизми што се движат во нашата околина.

Инфекциите на горниот респираторен тракт ги вклучуваат : фарингитис, тонзилофарингитис, синузитис, назофарингитис, отитис медиа, епиглотитис, ларингитис.

Инфекциите на горните дишни патишта ( ГРТ ) претежно се предизвикани од вируси, кои не се лекуват со антибиотици. Бактериолошка анализа на примероците добиени од горниот респираторен тракт овозможува точно одредување на етиолошкиот агенс на инфекцијата.

Со спроведување на бактериолошки анализи за дијагностицирање на инфекциите на горните дишни патишта се спречува и употребата на антибиотиците, кои претставуваат главен фактор за појавата на антимикробијална резистенција.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Брис од грло
  • Брис од нос
  • Брис од уста
  • Брис од уста/ јазик за Candida
  • Брис од уво

4. Инфекции на долниот респираторен тракт

За каква инфекција станува збор?

Инфекциите на долните дишни патишта ( ДДП ) претставуват сериозни заболувања кои може да завршат и фатално за човекот.

Можностите и потребите за идентификација на предизвикувачите на овие инфекции не се еднакви кај сите болни и зависат од многу фактори како што се: клиничката слика на болеста, околностите во кои болеста се јавила, компликациите , добивањето на адекватен примерок за микробиолошка анализа како и достапност во микробиолошка лабораторија.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Спутум/искашлок
  • Трахеален аспират
  • Бронхоалвеоларен лават
  • Плеврален ексудат

5. Инфекции на дигестивниот систем

За каква инфекција станува збор?
Гастроинтестиналните инфекции се најчeстите инфекции кои се среќаваат во примарната здравствена заштита.
Овие инфекции вклучуваат широк спектар на клинички слики на болести, кои се предизвикани од голем број на инфективни микроорганизми. Гастроентеритис е водечки причинител на морбидитет и морталитет. Иако некои состојби може да поминат брзо без третман, гастроинтестиналните инфекции може да бидат и многу сериозни особено за вулнерабилни популациони групи како што се новородени/ деца имунокомпроментирани или повозрасни лица. За нивно докажување потребни се разновидни микробиолошки анализи и нивно рано откривање, а адекватниот третман и мерки ( совети ) за контрола на инфекции, помага во подобрување на клиничката слика и превенција на понатамошни компликации.
Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Копрокултура
  • Ректален брис
  • Фецес/ ректален брис за Candida
  • Фецес за Helicobacter pylori
  • Фецес за цисти на Giardia lamblia
  • Фецес за јајченца на паразити/тении
  • Целофански брис за Enterobious vermicularis
  • Фецес за Rota + Adeno virus
  • Фецес за Clostridium difficile
  • Биоптичен примерок за докажување на Helicobacter pylori

6. Инфекции на урогениталниот тракт

За каква инфекција станува збор?
Инфекциите на уринарниот тракт (УТИ) се најчестите инфекции кои ги засегаат – како пациентите од заедницата така и хоспитализираните пациенти.
Најчеста микробиолошка анализа за дијагноза на овие инфекции е уринокултура.
Урината е стерилна, но лесно може да се контаминира од микроорганизмите кои се наоѓаaт во урогениталната регија. Со цел да се избегне контаминација треба да се почитуваат протоколите за правилно земање на урина за микробиолошка анализа. Инфекциите од гениталниот тракт ги вклучуваат сексуално преносливите инфекции, инфекции кои се јавуваат пред и после породување и вагинитис. Во повеќе упатства, одредена група на луѓе со висок ризик на генитални инфекции, како што се на пример бремените жени, МСМ ( мажи кои имаат секс со мажи ) итн., се препорачуваат да спроведуваат скрининг-генитални микробиолошки тестови Гениталните примероци за микробиолошка анализа се земаат од стручни медицински лица.
Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Брис од вулва
  • Брис за Streptococcus gr B (GBS)
  • Брис од вагина
  • Брис од цервикс
  • Брис – генитален (цервикс/уретра) за Chlamydia trachomatis
  • Урина за Trichomonas vaginalis
  • Брис – генитален (цервикс/уретра) за Mycoplasma/Ureaplasma
  • Урина/сперма за Mycoplasma/ Ureaplasma
  • Брис/исцедок за Trichomonas vaginalis
  • Брис од уретра
  • Брис од препуциум/гланс
  • Уринокултура
  • Уринокултура за Candida
  • Спермокултура

7. Инфекции во крвниот тек и кардиоваскуларниот систем

За каква инфекција станува збор?

Инфекциите на крвниот тек и кардиоваскуларниот систем се случуваат кога микроорганизми влегуват во крвта. Во главно, овие инфекции се манифестират со тешка клиничка слика кај пациентите.

Детекција и потврда на присуството на микроорганизми како етиолошки агенси има огромно значење за дијагноза, прогноза и терапија на болните.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Хемокултура аеробна + анаеробна
  • Брис од катетер/канила

8. Инфекции на кожа и меки ткива

За каква инфекција станува збор?

Инфекциите на кожата може да бидат примарни ( целулитис, фоликулитис, фарункула, ерисипела, импетиго итн) и во главно, се предизвикани од мал спектар на бактерии ( претежно St. aureus и Str. pyogenes).

Секундарни инфекции на кожата се случуват на веќе постоечки лезии ( поради траума, хируршки рани, улкус ) кои служат како влез на многу бактерии.

Во повеќето од случаите, секундарните инфекции се полимикробијални ( аеробни и анаеробни бактерии) и го зафаќаат и субкутаното ткиво.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Брис од кожа
  • Брис од акна
  • Брис од рана
  • Пунктат/ гној
  • Брис/ струготини од кожа/влакна/нокти

9. Инфекции на коски и зглобови

За каква инфекција станува збор?

Инфекциите на коските и зглобовите може да се предизвикаат по крвен пат преку кој се транспортираат микроорганизмите од примарното жариште.

Во овој случај е од големо значење да се најде примарното жариште на инфекција (урогениталниот тракт, гастроинтестиналниот тракт, респираторен тракт ).
Друг начин на настанување на инфекција е после траума или операција.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Биоптичен материјал од коска
  • Синовијална течност

10. Серолошка дијагностика

За каква инфекција станува збор?

Серолошките тестови се изведуваат за да се докаже (не)присуството на некој инфективен антиген во организмот или одговорот на човечкиот имун систем кон инфективнот агенс.

Серолошките тестови помагаат во дијагностика бидејќи овозможуваат брза идентификација на агенсот. Тие исто така играат огромна улога во одредување на имуниот одговор на одредени болести што се спречуваат со вакцини, како што се хепатитис Б, рубела, морбили итн.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • HERPES SIMPLEX 1+2 VIRCLIA® IgM MONOTEST
  • Mononucleosis (PB)
  • Chlamydia trachomatis IgA
  • Chlamydia trachomatis IgM
  • EBV – VCA IgG, IgM
  • PNEUMOSLIDE IgG + IgM респираторен панел со 9 атипични патогени
  • VARICELLA-ZOSTER VIRCLIA® IgM MONOTEST
  • EBV – EBNA IgG
  • PARVOVIRUS VIRCLIA® IgM MONOTEST
  • Leishmania IgG
  • Syphilis RPR
  • EBV – EA IgG
  • Varicella zoster IgG
  • Borrelia burgdorferi sensu lato IgG+IgM
  • Echinococcus granulosus
  • Brucella – CAPT (квантитативен)
  • Chlamydia trachomatis IgG
  • INVASIVE CANDIDIASIS (CAGTA) VIRCLIA® IgG MONOTEST

11. Микробиолошка контрола на нежива средина

За каква инфекција станува збор?

Микробиолошко испитување на работните површини, опремата и други предмети во различни простории е од големо значење особено во болничка средина, кујна или други места каде се ракува со храна, на пример градинки итн.

Целта на микробиолошкото испитување на овие примероци е да се одржува хигиена на високо ниво или доколку е потребно да се најде изворот на одредена инфекција.

Достапни микробиолошки анализи од оваа категорија се:
  • Биолошка контрола на стерилизатори
  • Микробиолошко испитување на работни површини
  • Микробиолошко испитување на нежива средина

Критериуми за одбивање на примероци

Доколку примероците за микробиолошка анализа не се правилно земени и транспортирани, тоа може да доведе до грешни резултати, а со тоа и погрешна дијагностика и терапија.

Целта на одбивање на микробиолошките примероци е да се избегнат грешни резултати и како последица на тоа грешна терапија.

Следниве Критериуми се критериуми за одбивање на примероци:

  1. Примерокот е транспортиран на неадекватна температура
  2. Примерокот е транспортиран на неадекватен медиум
  3. Времето на транспорт го надминува дозволениот лимит за транспорт
  4. Во примерокот не се забележани податоците за пациентот
  5. Ако примерокот е истурен
  6. Примерокот не е во доволна количина за спроведување на анализата

Ако се работи за примероци што се земат со помош на неинвазивни процедури ( урина, брисеви, спутум ) може да се одговори дека анализата треба да се повторува.

За примероци што се земени со инванзивни процедури ( трахеален аспират, ликвор ) примерокот се обработува и се одговора со наведена забелешка. Истото му се пренесува на клиничарот.

Чување на биолошки примероци

Mикробиолошката анализа треба да се спроведе веднаш или најдоцна до 24 часа од моментот на земање на примерокот, без оглед дали се ставени или не во транспортен медиум. Ако примероците не се обработуваат веднаш во лабораторијата, тие мора да се чуваат во адекватни услови за подоцна обработка.

Во зависност од видот на транспортниот медиум и сомнителниот етиолошки причинител, постојат различни техники за чување на примероци:
На + 4 ° C ( во фрижидер ) = урина, спутум/искашлок, перикардијална течност, бронхијален аспират, дел од катетер, дел од ткиво, серум, фецес/столица, примероци за детекција на вируси;

На 22-25 ° C ( на собна температура) = Синовијална течност, амнионска течност, жолчка, назофарингеален брис, брис од грло+ нос, примероци од конјуктива, генитален тракт, уво и примероци сомнителни за анаеробни бактерии и гонококи.

На 37°C ( термостат) = Цереброспинална течност и хемокултури.
На – 20 ° C = Серум за серолошки тестови за една недела.
На –70º C = се чуваат серуми за серолошки тестови за неколку месеци.

Примероците за бактериолошка анализа не треба да се чуваат повеќе од 24 часа.
Во меѓувреме, примероците за вирусолошки испитувања може да останат
стабилни на 4ºC за 2-3 дена.

Упатство за земање, чување и транспорт на примероци ( здравствени работници )

Почитувани пациенти, колеги и пријатели, за успешна детекција на патогените клучна улога има правилното земање, чување и транспортирање на биолошките материјали ( примероци ) наменети за лабораториска анализа. Еуроиталиа Општа болница тежнее кон ригорозно почитување на утврдените протоколи за работа со цел намалување на ризиците поврзани со интрахоспитални инфекции, заштита на самиот пациент и пред се, точни и прецизни резултати. Дознајте повеќе за тоа како преку аспетична постапка примероците треба правилно да ги земе стручно обученото медицинско лице !

Примерок - Ликвор

Земање на ликвор е инвазивна техника која треба да се спроведе од стручно лице во асептични услови. Најдобро е примерокот да се земе пред да се започне со антибиотска терапија. Во главно се земат 3 стерилни епрувети ликвор по 1 мл минимум ( за микробиолошка, биохемиска и цитолошка анализа ).

За микробиолошка анализа не треба да биде првата епрувета ( бидејќи присуството на крвта може да делува во културите ). Доколку има само 1 епрувета, приоритет има микробиолошка анализа. Примерокот треба да се транспортира веднаш ( во рок од 1 час ) во микробиолошка лабораторија во температура 20-35 степени, во спротивно се инокулира во транспортен медиум. Доколку се бара вирусолошко испитување тогаш примерокот се става во фрижидер.

Примерок - Брис од нос
  • Пред да се земе примерок, ако носот е сув, брисот треба да се намокри со физиолошки раствор.
  • Врвот од брисот треба да се насочи низ предните ноздри до назалната мукоза ( приближно 2 – 3cm од ноздрите кај возрасни ) и нежно се врти за да се собере назален секрет од предниот дел на носот и септалната мукоза.
  • Брисот се внесува во ноздрата паралелно со непцето. Се зема примерок од двете ноздри со истиот брис.

Примерокот може да се транспортира на еден од следните начини.

  • Без транспортен медиум на собна температура во рок од 2 часа од земање на примерокот.
  • Во транспортен медиум до 24 часа на собна температура од земање на примерокот.
  • Ако нема транспортен медиум, понеповолна, но прифатлива опција е примерокот да се чува и транспортира на +4°C до 24 часа од земањето.
Примерок - Аспират од синусите
За микробиолошка дијагноза на синуси се препорачува аспират со игла од инфективниот синус или биоптичен материјал добиен преку хирушка интервенција.
Брис од конјуктива за докажување на култивабилни бактерии

Забелешка: Се препорачува брисот да се земе на немиени очи.

  • Пред да се земе брис треба да се мијат рацете, да се стават ракавици и маска.
  • Се бара од пацинетот да гледа горе и нежно се повлекува долниот капак на окото надолу.
  • Кај децата брисот треба да се држи паралелно со корнеата со цел да не се повреди ако детето мрдне.
  • Брисот се движи со кружни движења во конјуктивата од надворешниот кон внатрешниот агол.
  • Брисот се става во транспортен медиум и се транспортира во лабораторија.
  • Се вадат ракавиците, маската и се мијат рацете.
Примерок - Трахеален аспират
Овој примерок се зема преку трахеостома или ендотрахеалниот тубус од обучено медицинскио лице. Откако ќе се земе материјалот се става во стерилна чаша и се транспортира веднаш во лабораторија заедно со образецот со информации на пациентот.
Овој примерок не треба да се става во фрижидер.
Упаство за земање на спутум/ искашлок

Кога се сомнева за инфекции на долните дишни патишта најчеста микробиолошка анализа која се препорачува е култура на спутум/ искашлок, бидејќи овој примерок се добива преку неинвазивна техника.

  • Искашлокот/ спутумот треба да се земе што е можно порано наутро.
  • Пред да се земе искашлок се прави гаргара со вода со цел да се намали контаминација од бактерии во усната шуплина.
  • Не треба да се користат други течности наменети за испирање на устата што може да содржат антибактериски средства.
  • Ако пациентот има мобилни протези, пожелно е да се извадат за време на земање спутум.
  • Се притиска работ на стерилната чаша до долниот дел на долната усна за да се собере целата маса на искашлок.
  • Се искашлува длабоко за да излезе спутумот во чаша.
  • Чашата убаво се затвара и се обележува примерокот за да биде спремен за транспорт во лабораторија.
  • Примерокот треба да се носи во лабораторија во рок од 2 часа. Ако тоа не е возможно треба да се чува во фрижидер.

ВНИМАНИЕ: Не треба да се меша “салива/плунка” со “спутум”. Саливата не е адекватен примерок за докажување на патогените причинители на долните дишни патишта.

Примерок - Плеврален флуид ( ексудат )
Добивање на плеврален флуид се спроведува со инванзивна техника од стручно медицинско лице. Примерокот заедно со образец со информации на пациентот и неговата дијагноза се праќа веднаш во лабораторија. Примерокот не се чува во фрижидер.
Земање урина со супрапубична пункција

Супрапубична пункција за земање урина е техника преку која се избегнува контаминација на примерокот со микроорганизмите на урогениталната регија.

Оваа техника се користи кога се бара изолирање на анаеробни бактерии, и почесто се употребува кај педиатриските пациенти, пациенти со нарушување на коскената срж и кај пациенти со рекурентни уринарни инфекции каде интерпретација на наодот е покомплицирана. Доколку се бара идентификација на анаеробни бактерии, истото треба да се забележи во упатницата.

Примерок - хемокултура

Детекцијата на микроорганизми преку култура на крв е од суштинско значење за дијагностицирање на инфекции на крвотокот, вклучувајќи: инфективен ендокардит, инфекции назначени како “пирексија со непознато потекло”, инфекции поврзани од протетски материјал и инфекции поврзани со интравенски катетери.

Преку хемокултура исто така, може да се открие бактеремија поврзана со примарни инфекции како што се пневмонија и септичен артритис.
Точни позитивни резултати даваат вредни информации за одредување на оптимална антибиотска терапија која може да го подобри исходот од овие состојби. А во спротивно, контаминираните хемокултури, можат да предизвикаат значителна дијагностичка конфузија и да доведат до непотребна или субоптимална антимикробна терапија.

Поради тоа крвта за хемокултура треба да се зема правилно преку асептична техника во оптимални моменти.

Кога постои клиничка потреба: т.е абнормалности во срцето, висока температурa, висок или низок број на леукоцити, ригор или треска, или се сомнева на фокални знаци на инфекции, како што се пневмонија, септичен артритис, мемингитис, инфекции на уринарен тракт.

Најпогодниот момент за земање крв за хемокултура е во време на епизодите на пирексија, бидејќи на овој момент бактериите се присутни во крвта, пред да се дава антибиотска терапија. Доколку пациентот прима антибиотик тогаш се препорачува примерокот да се зема пред да се дава другата доза.

Во досието на пациентот треба да се забележи датата на земање крв за хемокултура, времето, местото и причината.

Во главно, треба да се земат најмалку 2 примероци за хемокултура во исто време од различни места.

Примерок - Брис од гланс/ препурциум
  • Пред да се земе брис да се прави тоалета на гениталите со чиста вода.
  • Се повлекува надворешната обвивка за да се добие глансот.
  • Брисот се движи кружно околу површината на гланс почнувајќи од проксимална кон уретралната регија.
Примерок - Брис од грло
  • Антисертични испирачи на усната шуплина треба да се избегнат пред чинот на земање на брис од грло.
  • Ако пациентот е под антибиотска терапија треба да го информира докторот.
  • Пациентот се советува да ја крене главата нагоре-наназад и да дише длабоко. Се замолува да ја отвори широко устата и да каже “Аaaaaa” со цел да се крене увулата. Јазикот треба да се држи надолу со помош на шпатула за да се гледаат тонзилите и постериорниот фарингс.
  • Материјалот се зема со кружни движења на брисот во постериорниот фарингс и тонзилите ( или во пурулентен ексудат доколку има ).
  • Треба да се внимава брисот да не се допре со мукозата на усната празнина и со коренот на јазикот, за минимална контаминација со комензалните бактерии на устата.

После земање на примерок, брисот треба да се стави веднаш во стерилна туба за транспорт во лабораторија и треба да се култивира во рок од 2 часа. Примерокот може да се транспортира на еден од следните начини:

  • Без транспортен медиум на собна температура во рок од 2 часа од земање на примерокот.
  • Во транспортен медиум до 24 часа на собна температура од земање на примерокот.
  • Ако нема транспортен медиум, понеповолна, но прифатлива опција е примерокот да се чуваат и транспортира на +4°C до 24 часа од земањето.
Примерок - Назофаренгеален брис
  • Назофарингеален брис се земе кога се сомнева за Bordetella pertussis или за докажување на носителство на Neisseria meningitis.
  • Не се препорачува назофарингеален брис да се користи за докажување на причинителите на синузитис и не се користи во рутина.

За земање примерок се употребува назофарингеален брис :
Пред да се земе брис се чистат ноздрите од секрет, се става назален спекулум . Назофарингеалниот брис се внесува лесно до назофарингс и се остава 5 – 10 секунди за да се абсорбираат микроорганизмите.
Брисот треба веднаш да се транспортира во лабораторија во спротивно се става на транспортен медиум.
Овој примерок не треба да се чува во фрижидер.

Примерок - Брис од уво
  • Пред да се земе брис од уво, пациентот не треба да има ставано терапвски агенси во ауралниот регион за најмалку 3 часа, бидејќи тоа може да го спречи растот на микроорганизмите.
  • Со стерилен памучен брис претходно навлажнет во стерилен физиолошки раствор внимателно се влегува во надворешниот канал на увото и со кружно движење се собира секретот.

Брисот се става во транспортен медиуми и се транспортира во микробиолошка лабораторија на еден од следните начини:

  • Без транспортен медиум на собна температура во рок од 2 часа од земање на примерокот.
  • Во транспортен медиум до 24 часа на собна температура од земање на примерокот.
  • Ако нема транспортен медиум, понеповолна, но прифатлива опција е примерокот да се чува и транспортира на +4°C до 24 часа од земањето.
Примерок - Брис од конјкуктива за докажување Chlamydia trachomatis

Пред да се зема брис треба да се мијат рацете, да се стават ракавици и маска.

  • Окото треба да се испере со физиолошки раствор со цел да се добие чист поглед на конјуктива
  • Брисот се движи со кружни движења во конјуктивата за да се добиат/ земат епителните клетки
  • Брисот се става во транспортен медиум и се ипраќа во лабораторија
  • Се вадат ракавиците, маската и се мијат рацете
Примерок - Бронхоалвеоларен лават
Овој примерок се зема со бронхоскоп од медицинско лице кое работи бронхоскопија.
Во стерилна епрувета се става мин. 1 мл бронхоалвеоларен лават и се транспортира веднаш во лабораторија. Во спротивно се чува во фрижидер. Користењето на бронхоскоп во земање на микробиолошки материјал се ограничува поради употребата на анестетик кој може да влијае во растењето на микроорганизмите.Други микробиолошки примероци кои се земаат со помош на бронкоскоп се Трансбронхијална биопсија. Овој примерок се препорачува кога се сомнева за системски инфекции предизвикани од микози. Парчиња од ткива се ставаат во стерилна чаша со физиолошки раствор и се транспортира веднаш во лабораторија.
Примерок - Транстрахеален аспират

Транстрахеален аспират се зема со инвазивна техника од стручно медицинско лице кога има строго/ клучна индикација за истата.

Оваа анализа во главно се спроведува кога се работи на инфекција која е загрозувачка за животот ( претежно кај пациентите во кома) или кога се сомнева за инфекција предизвикана од анаеробни бактерии. Не треба да се дозволи во транспортниот контеинер да влезе воздух бидејќи од кислородот се убиваат анаеробните бактерии. Примерокот НЕ треба да се чува во фрижидер.

Примерок - Брисеви од уретра/цервикс за Chlamydia trachomatis
  • Пациентот не треба да уринира најмалку 1 саат пред да се земе примерок.
  • Примерокот се зема од обучено медицинско лице.
  • Примероците треба да се транспортираат веднаш до лабораторија.
  • Ако тоа не е можно се чува во фрижидер од 2-8 0С .
Земање урина од катетар за уринокултура

Уринарните катетери сами по себе претставуваат ризик за појава на уринарни инфекции. Урината земена од ќесе не е адекватен примерок за микробиолошка обработка.

  1. Најдобро е урината да се земе непосредно при менување на катетер.
  2. Примерокот треба да се земе од обучено стручно лице со асептична техника.
  3. Ако нема урина се затегнува со клема катетерот неколку сантиметри под местото наменето за земање примерок, со цел да се добие адекватен примерок.
  4. Местото за земање примерок од катетерот се чисти со дезиинфициенс со цел да се избегне вкрстена инфекција.
  5. Се внесува шприц ( уролошки шприц со додаток за катетер ) под агол од 45 степени и се аспирира потребната количина на урина.
  6. Урината се префрла во стерилна чаша.
  7. Се означува примерокот со податоците од пациентот и се пополнува образецот со адекватните информации.
  8. Во образецот со информации на пациентот треба да се наведе дека примерокот е од катетер.
  9. Примерокот се праќа веднаш во лабораторија, во спротивно се чува во фрижидер до 24 часа.
Земање крв за хемокултура

Пред да почнете со процедурата миејте ги рацете, ставете ракавици и маска.

Треба да се користат две шишиња за култивација на крвта ( аеробна и анаеробна ), се отстранува пластичното капаче и гумата се дезинфицира со 2% chlorhexidine/70% алкохол за 15 секунди и се остава да се исуши.

Пред да се изврши венепункција ако има видлива валкана кожа, да се исчисти кожата со вода и сапун. Кожата мора да се деконтаминира со 2% chlorhexidine/70% алкохол и се остава да се исуши. Не ри-палпирајте ја вената ( иако на себе носите ракавици) после деконтаминација.

По земање крв, се отстранува иглата, а крвта се става во адекватното шише (со нова стерилнa игла). Ако се употребува истата игла со која се повлекува крвта има можност за контаминација.

Кога крвта се инокулира во шише, се почнува со инокулација на анаеробното шише, со тоа дека кислородот што веќе постои во шприцот нема да се трансферира во анаеробното шише.

Важен фактор за детекција на инфекциите на крвотокот е волуменот на крвта. Се става 4 мл во аеробното шише и до 10 мл во анаеробно шише. Но кога се инокулираат двете шишиња прво се инокулира анаеробното шише. За неонатите, се препорачува 1 или 2 мл крв. Како и да е, сензитивностa на хемокултурите кај новородените (неонати) расте ако се култивира поголема количина на крв.

Ако крвта треба да се користи и за други анализи тогаш прво се инокулира крвта на шишињата за хемокултура, бидејќи другите шишиња може да не се стерилни и можно е да се случи контаминација.

Кога се сомнева на сепса поради централен венски катетер, крвта за култура може да се зема од периферна вена и од интраваскуларниот катетер со цел да се идентификува колонизација на катетерот. Во случај кога се сомнева на ендокардитис треба да се земаат најмалку 3 примероци на крв за култура со цел да се открие бактеријата која може да е присутна со мал број.

Крвта може да се зема од нова поставена канила, доколку нема друга можност за венепункција. Треба да се забележи дека примерокот е земен од канила, бидејќи ризикот за контаминација е висок.

Упатство за земање, чување и транспорт на примероци ( за пациенти )

Почитувани пациенти, со цел полесно и пред се, правилно земање на примероците наменети за лабораториски испитувања Ви приложуваме информативен материјал и практични појаснувања за некои од најчесто доставуваните примероци наменети за анализа:

Инструкции за жените ( уринокултура )
  • Урина се зема во стерилна чаша за урина.
  • Чашата соодветно се обележува со податоци на пациентот.
  • Пред да се земе примерок се мијат рецете со сапун и вода, се сушат со хартија за еднократна употреба.
  • Капакот се отвара и се става настрана со внатрешниот дел нагоре.
  • Се прави тоалета на уретралната регија за да се избегне контаминација на урината.
  • Пациентот треба да ја исчисти уретралната регија од напред наназад.
  • Првиот млаз се испушта/се фрла во тоалет и без прекин на млазот се собира средниот млаз, до половина чаша.
  • Чашата треба да се држи на начин за да се избегне допирот со нозете, вулвата и облеката.
  • Се затвора убаво чашата и се внимава да не се допира со рака внатрешниот дел на капакот и чашата.
  • Примерокот се транспортира во лабораторија во рок од 2 часа, во спротивно се става во фрижидер.
Инструкции за мали деца ( уринокултура )
  • Пред да се почне со процедурата треба да се мијат рацете.
  • Пелената треба да се извади и се чисти перинеумот или препуциумот на бебето со вода и сапун.
  • Местото треба да биде исушено и не треба да се става крема.
  • Ќесичката треба да се извади од заштитната фолија.
  • Кај женските бебиња, ќесичката се става на отворот на вулвата, почнувајќи од напред кон назад.
  • Кај машките бебиња, пенисот се става во отворот на кесичката, и благо се притиска да се залепи за
  • перинеумот и симфизата.
  • Штом детето еднаш ќе се измоча, треба да се измијат рацете, да се стават ракавици и да се извади ќесичката со урина.
  • Ќесичката се зема се потсекува на едниот агол и се истура урината во стерилна чаша за урина.
  • После постапката се плакне гениталната регија со цел да се избегне иритација на кожата.
  • Се вадат ракавиците и се мијат рацете.
Фецес за копрокултура

Копрокултура се препорачува да се спроведе кај:

  1. Луѓе што имаат знаци на гастроинтестинална инфекција
  2. Рековалесценција или носителство
  3. Луѓе кои работат со храна и градинки

Се препорачува анализата да се спроведе што е можно побрзо, првиот ден од инфекцијата, пред да се земе антибиотска терапија.

  1. Примерокот се собира во стерилна чаша со капак.
  2. Не треба столицата да биде мешана со урина или вода.
  3. Пациентот може да се советува да дефецира во еден чист сад и од тоа да се земе фецес и да се стави во чистата чаша за фецес.
  4. За анализа треба минимум 1 гр фецес.
  5. Се зема материјал од мукусот, гној, крв или течна столица.
  6. Примерокот се транспортира во лабораторија што е можно побрзо ( од 30 минути до 2 часа ) во спротивно се чува на ладно.
  7. Примерокот што нема да биде однесен во лабораторија во рок од 2 часа треба да се стави во транспортен медиум и се чува во фрижидер.
Земање примерок за детекција на Chlamydia trachomatis во урина

Се препорачува примерокот да се земе пред да се почне со терапија
Примерок: Урина

  • Пациентот не треба да уринира најмалку 1 саат пред да се земе примерок.
  • Првиот млаз ( 15-20мл) (НЕ СРЕДНИОТ млаз) се става во стерилна чаша.
  • Примерокот се транспортира веднаш во лабораторија, во спротивно се чува на фрижидер од 2-8 0С.
Инструкции за мажите ( уринокултура )
  • Урина се зема во стерилна чаша за урина.
  • Чашата соодветно се обележува со податоци на пациентот.
  • Пред да се земе примерок се мијат рецете со сапун и вода, се сушат со хартија за еднократна употреба.
  • Капакот се отвора и се става настрана со внатрешниот дел нагоре.
  • Главата на пенисот треба да се исчисти убаво со вода и сапун.
  • Кожичката треба да биде тргната наназад и се чисти уште еднаш уретралната регија.
  • Првиот млаз се испушта/се фрла во тоалет и без прекин на млазот се собира средниот млаз, до половина чаша.
  • Се затвора убаво чашата и се внимава да не се допира со рака внатрешниот дел на капакот и чашата.
  • Примерокот се транспортира во лабораторија во рок од 2 часа, во спротивно се става во фрижидер.
Земање на примерок - фецес за паразитолошка анализа

Пред да се одлучи за спроведување на паразитолошка анализа на фецес треба да се знае дека долунаведените супстанци интерферираат во наодот ако се примени 7- 10 дена пред испитувањето. Тоа се:
Бариум, магнезиум или состојки на бизмут, антиакиселични медикаменти, антидиареални медикаменти, клизма, лаксативи, антибиотици ( 2-3 недели )

  • За паразитолошка диагноза потребни се 2-3 мл течна столица или 1 – 2 г цврста столица.
  • Примерокот ( фецес ) треба да се зема во чиста чаша со лажица намената за фецес.
  • На почеток треба да се испушта урината во тоалетна шолја.
  • Фецесот мешан со вода или урина не е содветен примерок.
  • Чашата убаво се затвора и адекватно се обележува.
  • Во текот на еден ден доволно е еден примерок.
  • Доколку има негативен наод за паразити се препорачува анализата да се повторува на 3 последователни денови од кои 2 примероци се добиват од нормална столица и третата со помош на лаксатив ( магнезиум сулфат).
  • Контрола на паразити треба да се направи 3 – 4 недели по прекин на терапија за паразитарни инфекции или 5 – 6 недели после терапија на инфекции од тенија.

Забелешка: Течни примероци ( диареални примероци ) треба да се изработат во текот на 30 минути после земање на примерокот. Полутврда столица во текот на 60 минути. Доколку примерокот не може да стигна брзо во лабораторија треба да се стави во адекватен медиум. Примерокот од фецес никогаш не треба да се замрзнува.

Целофански брис
  1. Треба да се земе рано наутро пред пациентот да биде активен.
  2. Проѕирна целофанска трака се лепи врз кожата околу анусот.
  3. Се притиска со прст врз лепенката во и околу анусот неколку пати.
  4. Траката се лепи убаво на предметно стакло .
  5. Не треба да има воздух.
  6. Се праќа во лабораторија во текот на денот.
  7. Сo три последователни примероци се идентификуваат 90% од случаите а дефинитивна негативна инфекција се доставува од 7 примероци негативни.
  8. За да се смета за неинфициран пациент, неопходно е примерокот да се зема во 7 последователни денови.
Фецес за детекција на токсини на Clostridium difficile
  1. Примерокот се зема во стерилна чаша или со Carey-Blair презерватив.
  2. Адекватен примерок е течна столица.
  3. Тврда столица е неадекватен примерок за C. difficle toxin testing и не треба да се прима за ова анализа.
  4. Примерокот може да се испраќа во лабораторија во рок од 72 часа. Во исто време, примерокот треба да се чува/носи во фрижидер.
 

Начин на издавање на резултатите од лабораториските анализи

  • Пациентот може резултатите да ги подигне од пултот на нашата болница.
  • Да му бидат испратени на неговата е-маил адреса или е-маил адресата на лекарот кој го испраќа.
  • Да му бидат испратени по Viber.

Нашите оператори ќе Ве известат телефонски веднаш штом истите ќе бидат готови!

Ви благодариме на довербата!

Hi, How Can We Help You?