Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Квалитет и безбедност

Квалитет и безбедност

Групација Еуроиталиа – синоним за квалитет и безбедност

Групацијата Еуроиталиа како врвен и еден од најголемите центри за рехабилитација, благодарение на одличната услуга и квалитет се стекна со сертификат ISO 9001 кој претставува доказ за квалитет и гаранција за милиони задоволни пациенти.

Во здравството ISO 9001 претставува систем за управување на квалитетот фокусиран на дефинирање, мониторинг и вреднување на процесите кои влијаат на крајниот резултат на здравствената нега, на изборот и организацијата на човечките ресурси, како и на користењето на медицинските апарати и машини. Со овие ISO стандарди се усвојуваат пред се’ иновативни содржини во корист на здравствената дејност бидејќи истите се грижат за решавање на реалните потреби и прашања на пациентите. Во центарот на вниманието е ставено здравјето на пациентите и превенцијата од можни ризици, и оттаму секоја установа која поседува ISO сертификат располага и со медицинска апаратура во совршена состојба и висококвалификуван персонал.

Политика на квалитет и безбедност во Општа Болница Еуроиталиа

Општа Болница Еуроиталиа се стреми да ја преслика истата политика на матичната фирма од Италија во Македонија и да ги имплементира ISO стандардите и тоа преку градуално поставување на принципи на безбедно и квалитетно работење, но воедно и доколку е неопходно со воведување на структурни промени ( промена на број на достапни болнички кревети или на медицинска апаратурата во болницата ), на процесни промени ( промени во присуство/отсуство на листи на чекање, соодветноста на изборот на дијагностичко-терапевтските интервенции ) и промени во однос на сите фактори-индикатори за општото здравје на пациентот откако е ставен на терапија или за интервенција, а со тоа последователно и стапката на смртност во установата.

Благодарение на висококвалификуваниот персонал и извонредната медицинската апаратура, Општа болница Еуроиталиа – полека, но сигурно ја достигнува својата крајна цел. Општа болница Еуроиталиа тежнее да понуди  безбедна и квалитетна здравствена услуга достапна за сите со помош на персонал кој континуирано се грижи за здравјето на пациентите и на тој начин ја гради довербата. Од првенствено значење за Општа Болница Еуроиталиа е информираноста на потенцијални пациенти, за понатаму во правилна насока да се лекуваат и да го негуваат своето здравје. Листите на чекање во нашата установа се сведени на минимум, а резултатите од испитувањата и прегледите се добиваат во најкраток можен рок.

Тежнееме да дадеме една подобра перспектива за македонското здравство, каде безбедноста и квалитетот на укажаната нега ќе пркосат на пазарот и ќе допринесат за создавање на општо добро и благосостојба за сите нас.

Hi, How Can We Help You?