Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Историја

Историја

Групација Еуроиталиа

Во далечната 1989 беа поставени темелите на италијанската Групација Еуроиталиа чиешто поле на дејствување беше насочено во различни сегменти, но од самиот почеток Групацијата најголемо значење и’ придаде на медицината и на здравството и токму во тој сегмент се стекна со повеќегодишно искуство.

Денес, Групацијата Еуроиталиа се протега на површина од 16 000 м² и е лидер во полето на рехабилитациона медицина и физикална терапија во цела Јужна Италија со преку 60.000 здравствени услуги секоја година издадени на пациенти од болничкиот стационар, еднодневна болница, амбуланта и домашна посета.

Во установата се вработени повеќе од 400 лица меѓу кои врвни доктори, професори, медицински сестри, физиотерапевти за рехабилитација, болничари и техничка поддршка. Комплексот располага со девет пространи рехабилитациони сали и многубројни простории за индивидуални физиотерапевтски третмани, како и со повеќе базени за хидро-кинезитерапија.

Интернационализација

Поради брзиот и богат развој во Италија, Групацијата Еуроиталиа реши да ги прошири своите граници. Така идејата за интернационализација стана реалност кога, не многу оддамна, во Октомври 2017 Групацијата одлучи да ја спроведе првата најголема ЕВРОПСКА инвестиција во Република Македонија во полето на медицината и со тоа всушност во Ноември 2018 да ги отвори вратите на првата приватна општа болница од европски тип – Еуроиталиа – којашто е лоцирана во град Скопје, надвор од градскиот метеж во општината Петровец.

Прва Општа Болница од Европски тип

Еуроиталиа Општа болница е гигант на ниво на здравствена архитектура и се состои од седум ката на вкупна површина од 20.000 м². Нејзините просторни капацитети се најголеми од ваков тип меѓу приватните здравствени установи во Република Македонија. Токму овој огромен простор дозволува најоптимално организирање на работните активности и ги запазува сите здравствени стандарди.

Во посебен фокус на внимание се безбедноста и хигиената во работењето. Со имплементирање на ригорозни протокли за хигиена и посебна политика за заштита од интрахоспитални инфекции – сите работни површини во установата се третираат и подлежат на континуирани проверки за стерилност со цел сведување на минимум на ризикот од било какви инфекции.

Еуроиталиа Општа болница е опремена со најсовремена и најнова медицинска апаратура од реномирани брендови меѓу кои и водечкиот американски производител General Electric и постојано ги следи светските саеми на медицинска опрема, се надоградува и инвестира во новитети на медицинско лекување.

Во моментов, во установата се вработени преку 60 лица висококвалификуван персонал и во функција се пуштени приземниот дел и првиот спрат на болницата во кој пропоционално е распределен по различните оддели болничкиот стационар од вкупно 80 легла.

Општа Болница Еуроиталиа нуди широка палета на здравствени услуги од следниве оддели:

Радиодијагностички Центар

Општа и Абдоминална Хирургија

Анестезија, Реанимација и Интензивно Лекување

Биохемиска Лабораторија

Интерна Медицина

Стоматологија

Микробиолошка Лабораторија

Ортопедија и Tрауматологија

Оперативен Блок Сали

Како здравствена установа која е во постојан раст и развој, Општа болница Еуроиталиа има за цел да ги отвори вратите и кон другите бранши од медицината, да зачекори во сите сфери на здравствениот систем според европски критериуми – за да понуди целосна здравствена заштита на едно место.

Според проектниот план, се предвидува во болницата постепено да се отвараат и други оддели, а со ова воедно се очекува да се допринесе и кон намалување на стапката за невработеност во државата отварајќи работни места истовремено и за медицинскиот и за административниот менаџерски сектор.

Со еден збор, со изградбата на овој болнички комплекс, Македонија брои приватна здравствена установа од европски тип – која нема да ги изневери потребите на потенцијалните пациенти и на тој начин ќе допринесе за поквалитетно здравство за целата јавност и соодветна нега на истото.

Hi, How Can We Help You?