Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Интерна медицина

Интерна медицина

Интерната медицина како една од најважните гранки на медицината се издвојува и како еден од носечките оддели од самиот почеток на создавање на нашата болница ЕУРОИТАЛИА во чијашто рамка се извршуваат специјалистичко – консултативни прегледи и болничко лечење од страна на тим којшто го сочинуваат врвни интернисти со долгогодишно искуство и репутација.
Рабoтата на одделот Интерна медицина како дејност на секундарно ниво oпфаќа:

  1. Кардиолошка проблематика
  2. Гастроентеролошка проблематика
  3. Пулмолошка проблематика ( белодробни заболувања )
  4. Проблеми од областа на нефрологија
  5. Проблеми од областа на реуматологија
  6. Проблеми од областа на хематологија
  7. Во склоп на сето тоа и превенција на КВБ

Листа на достапни здравствени услуги по интерна медицина во општа болница Еуроиталиа

Услужни дејности, прегледи кои се извршуваат во одделот по Интерна медицина:

  • Интернистичкa ехокардиографија
  • Интернистички коронарен стрес тест
  • Доплер сонографија на периферни артериски и венски крвни садови
  • Доплер на каротиди
  • 24- часовен холтер за крвен притисок
  • 24- часовен холтер – ЕКГ
  • Интернистички преглед за остеопороза ( коскена дензитометрија )
  • Интернистичка ехосонографија на абдомен
  • Проблематики од областа на пулмологија ( белодробни заболувања )
  • Проблематики од областа на ендокринологија ( тироидна жлезда, шеќерна болест, метаболен синдром )

Почитувани пациенти, во информативните текстови подолу го појаснуваме текот на горенаведените здравствени услуги кои се достапни во одделот по интерна медицина и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!

Преглед – Интернистичка ехокардиографија

Ехокардиографијата, исто така позната и како ехо преглед на срце со ултразвук, е неинванзивно и потполно безболно дијагностичко испитување со кое се увидува анатомскиот изглед на срцето и големите крвни садови и се снима работата на срцето преку звучни бранови.
Што се случува за време на прегледот ?
Ехокардиографијата ја изведува интернист или кардиолог. Се изведува во лежечка позиција или во лежечка позиција на левиот колк, се нанесува гел на водена база во пределот на градите. Со поставување на рачна сонда, со ултра високи звучни бранови се добиваат слики од вашето срце и валвули. Во текот на испитувањето не се користат х-зраци. Работата на срцето се следи на монитор.
Колку долго ќе трае прегледот ?

Времетраењето на прегледот ( вклучувајќи прием , подготовка, резултати ) е од 20 до 30 мин.

Кога да направите ехокардиографија ?
Ехокардиографија е потребна да се направи кај пациентите кај кои се регистрирани:
  • срцеви шумови
  • градна болка, стегање или печење во пределот на градите
  • отежнато дишење, замор
  • имаат прележан миокарден инфаркт
  • прележана ревматска треска
  • вродена срцева мана
Како можам да се подготвам за прегледот?
Не е потребна посебна подготовка за овој преглед. Можете да јадете, пиете и да ги земате вашите лекови.
Ќе чувствувам ли болка?
Оваа метода е безболна и неинванзивна. Во текот на прегледот нема да почувствувате никаква болка.
Кои се ризиците од прегледот?
Оваа процедура е безболна и неинванзивна метода. Можете да почувствувате блага нелагодност при притисокот на сондата на ѕидот на градниот кош. Нема негативни ефекти и може да се применува кај пациенти во најрана возраст, и кај трудници, а доколку е потребно испитувањето може да се повтори.
Кога ќе ги добијам резултатите?

Веднаш по завршувањето на прегледот.

Што се случува по прегледот?
По завршувањето на прегледот можете да се вратите на вашите вообичаени дневни активности.

Преглед – Интернистички коронарен стрес тест

Коронарен стрес тест е дијагностичка метода со која срцето се изложува на контролиран напор ( стрес ) со цел да се испита неговата способност за прилагодување кон различно ниво на оптоварување, а со тоа да се добие увид за состојбата на крвните садови што го исхрануваат срцето. Овој тест се изведува со снимање на работата на срцето за време на брзо одење по подвижна лента.
Што се случува за време на прегледот ?
  1. На пациентот му се поставуваат електроди на градниот кош со помош на кои се снима електрокардиограм – ЕКГ, и манжетна за мерење на крвниот притисок.
  2. Се започнува со споро одење.
  3. Брзината на движење на лентата и нагибот постепено се зголемува на 3 мин., па така се има впечаток на побрзо одење по нагорнина.
  4. Докторот или пациентот може да го прекине тестот во секој момент доколку се забележи дека пациентот не е во можност да продолжи со одењето.
  5. По завршувањето на оптеретувањето, следува фаза на одмор од неколку минути.
Колку долго ќе трае прегледот ?

Прегледот трае ( вклучувајќи прием , подготовка, резултати ) околу 20 до 30 мин.

Кога да направите коронарен стрес тест?

По препорака на вашиот доктор за:

  • дијагностицирање на присуство на исхемична болест на срцето
  • проценка на циркулацијата на срцето кај пациенти кои предходно прележале миокарден инфаркт, биле стентирани или имаат бајпас
  • општата кардио – циркулаторна резерва на пациентот
  • тренираноста кај спортистите и детекција на покачен крвен притисок на напор
  • индициран е кај пациентите кој чувствуваат градна болка, стенокардија, диспнеја, граден дискомфорт, палпитации
Дали има други опции?
Доколку коронарниот стрес тест не може да се изведе поради оправдани причини, докторот специјалист индицира стрес ехокардиографија или МПС ( миокардна перфузиона сцинтиграфија ).
Како можам да се подготвам за прегледот?
Пред тестирањето потребно е да бидете на лесна храна барем 2 часа пред почетокот на истиот.
Што треба да облечам?

Треба да носите удобна облека и патики.

Ќе чувствувам ли болка?
При изведувањето на коронарниот стрес тест не треба да чувствувате болка. Доколку почувствувате болка веднаш известете го вашиот доктор!
Кои се ризиците од прегледот ?
Во текот на изведувањето на коронарниот стрес тест може да се јават несакани ефекти од типот на: тешки пореметувања на срцевиот ритам ( по живот опасни аритмии ), потенцирање на ангинозниот синдром кај пациентите со претходна ангина, па дури и настанок на нов срцев удар.
Што се случува по завршувањето на прегледот?
По изведувањето на коронарниот стрес, тест врз основа на крајниот резултат доктор специјалист го одредува вашиот понатамошен третман и активности.
Кога ќе ги добијам резултатите?
Откако ќе го направите коронарниот стрес тест, врз основа на резултатите во тек на изведувањето на тестот, вашиот доктор ќе Ви ги соопшти и објасни крајните резултати од испитувањето.

Преглед – Доплер на венски, артериски садови на долни екстремитети

Доплер сонографија е неинванзивна дијагностичка метода за откривање на заболувањата на крвните садови на телото. Најчесто се изведува за преглед на крвните садови ( артерии и вени ) на долните и горните екстремитети.
Што се случува за време на прегледот ?
Прегледот се врши во амбулантски услови, со помош на ехо апарат и линеарна сонда од страна на доктор специјалист. Пациентот се сместува во легната положба со откриен дел од телото кој се испитува.
Колку долго ќе трае прегледот ?
Во зависност од наодот ( вклучувајќи прием , подготовка, резултати ), прегледот трае околу 30 тина минути.
Кога треба да се направи?
Доплерот на венските крвни садови се прави кога има сомнение за воспаление на вените поради црвенило, оток, болка при одење, модрило за да се исклучи или потврди заболување на вените флебит, тромбоза, проширени вени и сл. Доплерот на артериските крвни садови се прави поради сомнение на артериска болест, поради болки при одење пропратени со кочење на ногата, појава на бледило и ладење при покачен крвен притисок, дијабет, пушење и сл.
Дали има други опции?
Индикацијата за спроведување на овој преглед ја дава лекар специјалист во областа, кој го извршил клиничкиот преглед на пациентот. Според наодот лекарот одлучува дали ќе се изведе прегледот или не, или пациентот директно ќе биде пратен на компјутерско снимање на крвните садови со контраст. Доколку поседувате предходна историја за болеста, пожелно е да ја понесете со вас.
Дали е потребна предходна подготовка ?
Не е потребна посебна подготовка за овој преглед. Можете да јадете, пиете и да ги земате вашите лекови без ограничувања.
Што треба пациентот да носи на себе ?

Треба да носите удобна облека.

Дали процедурата е болна ?

Процедурата е неинванзивна и целосно безболна.

Кои се ризиците ?
При прегледот не постојат досега евидентирани несакани дејства, а самата процедура не е ризична.
Што се случува по прегледот?
По завршувањето на прегледот може да продолжите непречено со извршувањето на секојдневните обврски.
Кога се добиваат резултатите ?

Резултатот од прегледот се добива истиот ден непосредно по завршениот преглед.

Преглед – Доплер на каротиди

Доплер сонографијата е неинванзивна дијагностичка метода за откривање на заболувањата на каротидните артерии на вратот.
Што се случува за време на прегледот ?
Прегледот се врши во амбулантски услови, со помош на ехо апарат и линеарна сонда, од страна на доктор специјалист. Пациентот се сместува во легната положба со откриен дел од телото кој се испитува.
Колку долго трае прегледот ?

Прегледот трае ( вклучувајќи прием , подготовка, резултати ) околку 30-тина минути.

Кога треба да се направи ?
Доплерот на каротидните артерии се прави поради сомнение на каротидна болест ( стеснување ) поради чувство на вртоглавица, главоболка, заматен вид, несвестица и сл.
Дали има други опции ?
Индикацијата за спроведување на овој преглед ја дава доктор специјалист од областа, кој го извршил клиничкиот преглед на пациентот. Според наодот докторот одлучува дали ќе се прави прегледот или не, или пациентот директно ќе биде упатен на комјутерско снимање на крвните садови со контраст. Доколку поседувате предходна историја за болеста, пожелно е да ја понесете со вас.
Дали е потребна претходна подготовка?

Не е потребна никаква претходна подготовка.

Што треба пациентот да носи на себе ?

Треба да носите удобна облека.

Дали процедурата е болна ?

Процедурата е неинванзивна и целосно безболна.

Кои се ризиците ?
При прегледот не постојат досега евидентирани несакани дејства, а самата процедура не е ризична.
Што се случува по прегледот ?
По завршувањето на прегледот пациентот може да продолжи непречено со извршувањето на своите работни обврски.
Кога се добиваат резултатите ?

Резултатот од прегледот се добива истиот ден непосредно по завршениот преглед.

Преглед -24 часовен холтер за крвен притисок

24-часовниот холтер мониторинг на крвен притисок е безболна и неинванзивна метода со која се мери крвен притисок во одредени временски интервали. Холтерот е мал, носив апарат кој регистрира вредности на крвен притисок. Снимањето трае еден ден ( 24 часа ).
Што се случува за време на прегледот ?
На вашата надлактица се поставува манжетна која е поврзана со холтер- апарат кој се наоѓа во футрола која ќе ја носите прицврстена околу појас. Манжетната се надувува и крвниот притисок се мери во тек на денот на секој половина час, а во текот на ноќта на еден час.
Додека го носите холтерот дозволено е да ги извршувате сите вообичаени активности. Неопходно е да водите дневник на активности и тегоби во кој ќе запишувате што сте правеле во текот на 24 – часовното снимање и кои тегоби сте ги имале ( ако сте имале). Исклучително е важно, сите активности и тегоби да ги запишете во дневникот!
Колку долго ќе трае прегледот ?

Холтерот се носи 24 часа.

Кога да носите 24- часовен холтер за крвен притисок?

По препорака од вашиот лекар:

  • со цел откривање на дневни и ноќни варијации ( промени) на крвен притисок
  • феномен на „ бел мантил “ ( зголемување на крвен притисок предизвикан од страв од лекар, а не од заболување)
  • зголемени или пониски вредности на крвен притисок ( кај деца, постари луѓе, адолесценти, трудници )
  • скриени зголемени вредности на крвен притисок
  • со цел пратење на ефекти од индицираното лекувањето
Како можам да се припремам за прегледот ?
Во текот на носење, апаратот не смее да се намокри бидејќи ќе се расипе. Поради тоа е забрането тој ден да се туширате или пливате. Истуширајте се непосредно пред да биде поставен холтерот.
Ќе чувствувам ли болка ?
24- часовниот холтер мониторинг на крвен притисок е безболна и неинванзивна метода. Нема да почувствувате болка во текот на носењето на холтерот.
Кои се ризиците ?
Носењето на 24-часовен холтер за крвен притисок е потполно безболна процедура и не носи ризик. Можете да почувствувате мала непријатност при пумпање на манжетната во тек на мерење на крвниот притисок.
Кога ќе ги добијам резултатите ?
По изминувањето на 24 часа ќе дојдете во нашата општа болница Еуроиталиа да го вратите апаратот заедно со дневникот на активности и тегоби. Вашиот доктор ќе ги спореди вредностите на крвниот притисок со тегобите и активностите од дневникот и ќе Ви ги соопшти и објасни резултатите од испитувањето.
Што се случува по прегледот ?
По носењето на холтер и читањето на резултатите, можете да продолжите со вашите вообичаени секојдневни активности и да ги следите препораките дадени од Вашиот доктор. Не заборавајте да дојдете на Вашата наредна закажана контрола!

Преглед – 24- часовен ЕКГ холтер

24- часовен ЕКГ холтер е графички запис на електричната активност на срцето.
Што е 24- часовен ЕКГ холтер?
24- часовен ЕКГ холтер е графички запис на електричната активност на срцето во тек на период од 24 часа со помош на апарат наречен холтер. Холтерот е мал, носив апарат кој го регистрира срцевиот ритам.
Што се случува за време на прегледот ?
На градниот кош се прилепуваат пет електроди кои се поврзани со холтер – мал апарат кој се носи во футрола фиксирана за појас. Во тек на период од 24 – часа апаратот непрекинато ја регистрира електричната активност на срцето. Додека го носите холтерот, дозволено е да ги извршувате сите вообичаени активности. Неопходно е да водите дневник со активности и тегоби во кој ќе запишувате што сте направиле во тек на 24 – часовно снимање и какви тегоби сте имале ( доколку сте ги имале ). Доколку сте имале чувство на забрзана срцева работа, неправилна срцева работа, чувство на „ прескокнување на срцето “, градна болка, вртоглавица или глад за воздух, исклучително е важно да ги запишете во дневникот!
Колку долго ќе трае прегледот?

Холтерот се носи 24 часа.

Кога да носите 24- часовен ЕКГ холтер?

По препорака на вашиот лекар :

  • Доколку имате промена на срцевиот ритам кој се јавува повремено или само во одредени ситуации
  • Доколку имате пореметување на срцевиот ритам и спроведување ( аритмии ) и други болести на срце
  • Со цел следење на работата на срцевиот пејсмејкер
Како да се подготвам за прегледот ?
Во тек на носење, апаратот не смее да се намокри бидејќи ќе се расипе. Поради тоа забрането е тој ден да се туширате или пливате. Истуширајте се непосредно пред да биде поставен холтерот.
Што треба да носам ?
Препорачливо е да носите удобна облека. Избегнувајте апарати кои користат магнетни бранови како што се: детектори за метал , магнети, микробранови печки, електрични четкици за заби, мобилни телефони и сл. Прекумерното користење на мобилен телефон може да предизвика краткотрајно прекинување на сигналите од електродите во холтерот.
Ќе чувствувам ли болка ?
Носењето ЕКГ холтер е потполно безболна процедура. Нема да почувствувате болка во текот на носењето на холтерот.
Кои се ризиците од прегледот ?
Носење ЕКГ холтер не носи ризик по вашето здравје. Може да почувствувате лесна нелагодност при носење на холтерот или да добиете реакција во вид на црвенило на кожата на местото каде се поставени електродите.
Кога ќе ги добијам резултатите ?
По изминувањето на 24 часа ќе дојдете во општата болница Еуроиталиа да го вратите апаратот заедно со дневникот на активности и тегоби. Вашиот лекар ќе го спореди 24- часовниот ЕКГ запис со тегобите и активностите од дневникот и ќе Ви ги соопшти и објасни резултатите од испитувањето.
Што се случува по прегледот ?
По носењето на холтер и читањето на резултатите, можете да продолжите со вашите вообичаени секојдневни активности и да ги следите препораките дадени од Вашиот доктор. Не заборавајте да дојдете на Вашата наредна закажана контрола!

Преглед – Коскена дензитометрија DEXA скен

DEXA скен ( dual energy X ray absorptiometry ) е неинвазивна радиолошка метода со минимално зрачење со која се мери промена на густина на коските и претставува стандардна метода за дијагностицирање на остеопороза и остеопенија.
Што се случува за време на прегледот ?
Пациентот се позиционира во лежечка положба на апаратот. Во текот на снимањето потребно е да мирувате и да останете во истата положба во која сте поставени.
Колку долго ќе трае прегледот?
Процедурата на DEXA дијагностика трае од 10 до 20 мин., во зависност од тоа кој дел од телото се испитува.
Кој треба да направи DEXA скен?
  • Ако имате повеќе од 65 години
  • Ако во менопауза сте влегле пред 45 година
  • Ако боледувате од ревматоиден артритис и други воспалителни болести на коскено-зглобен систем
  • Ако некој во блиска фамилија на пр. мајка има остеопороза
  • Ако сте со понежна конструкција , т.е имате BMI под 19 кг/м2
  • Ако имате недостаток на витамин Д
  • Ако сте имале трансплантација на органи
  • Ако боледувате од хронична бубрежна инсуфинциенција, Кушингов синдром, болести на гастроинтестинален тракт ( улцерозен колитис, Кронова болест, состојба после гастректомија ), хронично заболување на црн дроб
  • Ако сте примале медикаменти од типот на: кортикостероиди, тироидни хормони, антиконвулзивни средства
  • Ако сте имале претходно фрактури
  • Ако имате болести на тироидна жлезда
  • Ако имате хиперпаратиреодизам
Дали има други опции ?

Не. DEXA скенот е единствен и “златен” стандард за дијагноза на остеопороза.

Како можам да се подготвам за прегледот ?
Не е потребна посебна подготовка за овој преглед. Можете да јадете, пиете и да ги земете вашите лекови без некакви ограничувања.
Што треба да носам ?
Препорачливо е да носите удобна облека .За време на прегледот не треба да имате никакви метални предмети на себе ( обетки, часовник, накит, … ).
Ќе чувствуам ли болка ?

Ова метода е безболна и неинвазивна. Нема да почувствувате никаква болка во текот на снимањето.

Кои се ризиците од прегледот ?
Во нашата општа болница, методата се изведува на современ dexa скенер Prodigy Primo LUNAR кој што емитува многу ниско ниво на рентген зрачење и е комплетно безбеден по здравјето на пациентите.
Што се случува по скенирањето ?
По дијагностицирање на остеопенија или остеопороза со DEXA апарат во Општа болница Еуроиталиа, во консултација со доктор можете да добиете најстручен совет за потребната терапија, начинот на исхрана и физичка активност со цел подобрување на структурата и квалитетот на коскениот систем.
Кога ќе ги добијам резултатите?

Веднаш по завршувањето на прегледот.

Преглед – Интернистичка ехосонографија на абдомен

Ехосонографија на абдомен представува неинванзивна дијагностичка метода за откривање на промените и состојбите на абдоминалните органи.
Што се случува за време на прегледот ?
Прегледот се изведува во амбулантски услови, со помош на ехо апарат и сонда, од страна на доктор специјалист . Пациентот се сместува во легната положба со откриен дел од телото кој се испитува.
Колку долго трае прегледот ?

Прегледот трае ( вклучувајќи прием , подготовка, резултати ) околу 30-тина минути.

Кога да направите ехосонографија на абдомен?
Ехо преглед на абдомен се прави доколку постои сомнение за камен во жолчното кесе, камен во бубрег или мочен меур, пропратено со болка во стомакот, сомнение за неправилна работа на црниот дроб и панкреасот, сомнение за малигни процеси на абдоминалните органи. Индикацијата ја поставува лекарот спедијалист кој го извршува прегледот на пациентот.
Дали има други опции ?
Индикацијата за спроведување на овој преглед ја дава доктор специјалист во областа, кој го извршил клиничкиот преглед на пациентот. Според клиничкиот наод од лабораториските наоди, докторот одлучува дали ќе се изведува прегледот или пациентот директно ќе биде испратен на компјутерско снимање на делот од телото кој се испитува. Доколку поседувате предходна историја за болеста, пожелно е да ја понесете со Вас.
Дали е потребна претходна подготовка?
Пожелно е пациентот за време на прегледот да биде со празен стомак т.е. да нема појадувано, но доколку прима хронична терапија ( за дијабет или хипертензија/ срцево заболување и сл.) треба да биде со празен стомак најмалку 3 – 4 часа пред прегледот.
Што треба да носам ?

Треба да носите удобна облека.

Дали процедурата е болна ?

Процедурата е неинванзивна и целосно безболна.

Кои се ризиците ?

При прегледот не постојат досега евидентирани несакани дејства, а самата процедура не е ризична.

Што се случува по прегледот?
По завршувањето на прегледот пациентот може да продолжи со непречено извршување на своите секојдневни активности.
Кога се добиваат резултатите ?
Медицинскиот извештај ( резултатот ) од прегледот се добива истиот ден непосредно по завршениот преглед.

Преглед – Ехо на тироидна жлезда

Ехо на тироидна жлезда е неинванзивна дијагностичка метода која со помош на ултразвучни бранови ни дава податоци за големината, градбата ( структурата ) и прокрвареноста на тироидната жлезда.
Што е ехосонографија или ехо на тироидна жлезда ?

Ехо на тироидна жлезда е неинванзивна дијагностичка метода која со помош на ултразвучни бранови ни дава податоци за големината, градбата ( структурата ) и прокрвареноста на тироидната жлезда. Овој преглед превентивно се препорачува на сите, но посебно кај женската популација, а најчести болести на тироидната жлезда кои може да се третираат во нашата болница се:

  • Акутни и хронични воспалителни процеси на тироидната жлезда
  • Струма – гушавост
  • Скрининг и следење на јазли и цисти
  • Скриниг за тироиден карцином
Што се случува за време на прегледот ?
Прегледот се изведува со помош на ултразвучен ехо апарат во лежечка положба на пациентот и максимална екстензија на вратот.
Колку долго трае прегледот ?

Прегледот трае од 15 до 20 минути.

Кога да направите ехо преглед на тироидна жлезда ?

Доколку ги имате следните симптоми:

  • Забрзана работа на срцето
  • Забрзан моталитет на перисталтика
  • Зголемено потење
  • Слабеење
  • Кршливост на ноктите
  • Инсомнија
  • Поспаност
  • Успореност
  • Отоци на нозете и лицето
  • Заборавеност
  • Опстипација
  • Дебелеење и покрај истиот начин на исхрана
Дали има други опции ?
Лекарот специјалист одредува за другите опции на прегледот.
Како можам да се подготвам за прегледот ?
Не е потребна посебна припрема за овој преглед. Можете да јадете, пиете и да ги земате вашите лекови како и обично.
Ќе почувствувам ли болка ?

Ехо на тироидна жлезда е потполно безболна процедура.

Кои се ризиците од прегледот ?
Ехо на тироидна жлезда е потполно безбедна процедура која не носи никаков ризик по здравјето на пациентите.
Што се случува по завршувањето на прегледот ?

По прегледот можете да се вратите на вашите вообичаени секојдневни активности.

Кога ќе ги добијам резултатите ?
Веднаш по завршувањето на прегледот го добивате медицинскиот извештај од направеното испитување на тироидна жлезда. За комплетирање на дијагнозата и добивање на препорака за понатамошен третман, потребни се дополнителни лабораториски испитувања – тироидни хормони по индикација на лекарот.

Ендокринолошки преглед

Ендокринолошкиот преглед се однесува за пациенти кои имаат шеќерна болест ( дијабет ) и примаат терапија или за пациенти со новооткриен дијабет за кој е потребно започнување со терапија.
Што е ендокринолошки преглед и за кого е наменет ?

Ендокринологијата, како што кажува самото име се занимава со болестите на ендокриниот систем кој е составен од жлездите со внатрешно лачење и нивните специфични продукти кои ги излачуваат во крвта – хормоните.

Ендокринолошкиот преглед се однесува за пациенти кои имаат шеќерна болест ( дијабет ) и примаат терапија или за пациенти со новооткриен дијабет за кој е потребно започнување со терапија.

Ендокринолошкиот преглед се извршува и кај пациенти кои примаат терапија за болест на тироидната жлезда со цел нејзина корекција и следење на ефектот од препорачаната доза. За тоа потребни се претходни лабораториски анализи на крвта – тироиден панел – по индиикација повторно на доктор специјалист.

Што се случува за време на прегледот ?
За време на прегледот доктор специјалист ја прегледува општата здравствена состојба на пациентот, врши мерење на крвниот притисок и ЕКГ, а потоа дава препорака за изработка на специфични лабораториски испитувања ( ОГТТ, ФПГ, ХбА1Ц ) со цел комплетирање на дијагнозата или пак за одредени пациенти, за следење на ефектот од препишаната терапија.
Колку долго трае прегледот ?

Прегледот ( прием и преглед на пациент ) трае до 20 минути. Тука не е пресметано времето потребно за изготвување на специфичните лабораториски анализи.

Медицинскиот извештај од направеното испитување го добивате веднаш по завршувањето на прегледот.

Кога да направите ендокринолошки преглед ?
Ендокринолошкиот преглед треба да го направите доколку постои сомнение за нарушување на функцијата на ендокриниот систем. Индикацијата ја поставува доктор специјалист кој го извршува прегледот на пациентот .
Дали има други опции ?
Врвниот тим на Општата болница Еуроиталиа доколку има потреба ќе Ви предложи други алтернативни прегледи ( на пр. Ехо на тироидеа и слично ).
Дали е потребна претходна подготовка?

Не е потребна посебна подготовка за овој преглед, и нема одредени ограничувања .

Ќе почувствувам ли болка ?

Ендокринолошкиот преглед е потполна безболна метода.

Кои се ризиците од прегледот ?
Ендокринолошкиот преглед е потполно безбедна процедура која не носи никаков ризик по здравјето на пациентите.
Што се случува по завршувањето на прегледот ?

По прегледот можете да се вратите на вашите вообичаени секојдневни активности.

Кога ќе ги добијам резултатите ?
Веднаш по завршувањето на прегледот, во текот на истиот ден го добивате медицинскиот извештај ( резултат ) од направениот преглед.

Во Еуроиталиа општа болница – ја испитуваме и третираме шеќерната болест со нејзините компликации како и метаболниот синдром со неговите компликации.

Шеќерна болест ( ДИЈАБЕТ )

Во однос на шеќерната болест на пациентите во овој оддел може да им се овозможи:

  • Превенција и дијагностика на шеќерната болест
  • Следење и третман на шеќерната болест
  • Утврдување на ризик фактори и рано откривање на шеќерната болест
  • Совети за здрав начин на живот и исхрана кај пациентите со шеќерна болест
  • Скрининг за дијабетично стапало
  • Третман на пациенти со дијабетично стапало
Метаболен синдром ( МС )

Метаболен синдром ( МС ) како здравствена состојба – се поврзува со долготрајно покачен крвен притисок, долготрајно покачено ниво на маснотии во крвта ( дислипидемија ), инсулинска резистенција, стомачна дебелина и недоволна физичка активност. Сето ова води кон зголемен кардиоваскуларен ризик и претставува почетна фаза на шеќерната болест. Во овој стадиум, доколку навремено се открие и правилно се третира, возможно е навремено да се спречат компликациите на кардиоваскуларниот систем, како што се срцевите и мозочните удари.

Основниот третман секогаш е нефармаколошки:

  • Зголемување физичка активност
  • Намалување телесна тежина
  • Промена на навиките за исхрана
  • Зголемено внесување диететски влакна
  • Намалување масти и рафинирани јаглени хидрати
  • Престанок со пушење
  • Избегнување алкохол повеќе од 2 пијалоци на ден
Hi, How Can We Help You?