Доколку сакате да посетите пациент во нашата установа тоа можете да го направите во интервалот од 14 до 15 часот.
По влегувањето во болницата задолжително пријавете се на приемниот пулт. Нашиот персонал ќе Ви даде насоки и ќе ја организира Вашата посета.
За време на посетата дозволено е до двајца посетители одеднаш по пациент, се со цел да не се наруши мирот и редот во установата и заради заштита од ширење на инфекции и заразни болести.
Доколку постои опасност од пренесување на инфекции или заразни болести посетата може да се ограничи на еден или ниеден посетител по пациент.
Исто така од особено значење е да внимавате на личната хигиена. Доколку не се чувствувате добро и имате нарушена здравствена состојба Ве молиме одложете ја посетата.
За да се намали ширењето на инфекции Ве молиме следете ги наведените инструкции: