Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Васкуларна хирургија

Васкуларна хирургија

Васкуларната хирургија претставува посебна област од хирургијата која ги третира васкуларните заболувања односно хируршките болести на крвните садови, артериите и вените.
Во зависност од кој дел е зафатен соодветна ќе биде и клиничката манифестација на заболувањето. Проблемите кои го зафаќаат васкуларниот систем понкогаш може да предизвикаат и тежок инвалидитет или смрт.
Васкуларната хирурургија претставува посебна гранка од хирургијата која нуди можност за решавање на состојбите кои доведуваат до нарушување на васкуларниот систем. Во основа на васкуларните заболувања е атеросклерозата која претставува хроничен, воспалителен процес која ги зафаќа крвните садови односно васкуларниот систем . Во зависност од тоа кој дел од васкуларниот систем е зафатен – соодветна ќе биде и клиничката симптоматологија.

Листа на достапни здравствени услуги по Васкуларна хирургија во општа болница Еуроиталиа

Почитувани пациенти, во информативните текстови подолу го појаснуваме текот на здравствените услуги кои се достапни во одделот по васкуларна хирургија и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!
Периферна артериска болест
Заболување кое ги зафаќа крвните садови на нозете, рацете, стомакот или бубрезите. Најчесто се асимптоматски, но како напредува заболувањето така пациентите ги презентираат симптомите и тоа: болки во нозете, тежина во нозете. Проблемите кои го зафаќаат васкуларниот систем понекогаш може да предизвикаат и тежок инвалидитет или смрт. Доколку се зафатени крвните садови на другите органи симптомите ќе бидат поврзани со намалена функција на соодветните органи кои се зафатени.
Каротидна артериска болест
Ова заболување ги зафаќа крвните садови на вратот, каротидните артерии кои учествуваат во исхрана и цуркулација на главата, мозокот и лицето. Доколку атеросклерозата како главен причинител на васкуларната болест која ги зафаќа крвните садови на вратот ги блокира, ги стеснува овие артерии се намалува или се прекинува протокот на крв во мозокот, главата и лицето – како резултат на тоа може да настане Транзиторна Исхемична Атака ( ТИА ) и доколку на време не се третира може да настане и фатален мозочен удар.

Во нашата современа општа болница Еуроиталиа – нашиот тим од врвни специјалисти обезбедува превенција, нега и правилен третман на пациентите со васкуларни хируршки заболувања.
Нашата општа болница е опремена со врвна ултразвучна дијагностика и васкуларна лабораторија неопходна за :

  • Превенција, дијагностика и хируршки третман на примарна и секундарна инсуфициенција на вените на долните екстремитети
  • Лекување на артериска инсуфициенција на долните екстремитети со периферна артериска болест со примена на најсоверемени методи на лекување
  • Креирање на васкуларни портови кај пациенти со хемодијализа
  • Третман на хронични рани со примена на современи методи на лекување
  • Третман на гангрена
Hi, How Can We Help You?