Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Болничка аптека

Болничка аптека

Додека во јавните аптеки фармацевтите им пружаат директна здравствена нега на пациентите, во болниците тоа се болничките фармацевти кои не ги гледате – а се грижат да ја обезбедат вистинската терапија за Вас!

Фармацевтите во нашата општа болница Еуроиталиа – во соработка со другите здравствени работници се грижат за соодветна набавка и соодветно чување на лековите, нивна дистрибуција низ различните одделенија во болницата, нивна правилна и безбедна употреба кај пациентите, следење на несаканите дејства, правилна употреба на антисептичните и дезинфекциони средства и најразличните медицински материјали кои се користат при лекувањето.

И во рамките на Еуроиталиа општа болница функционира фармацевтско одделение, односно болничка аптека.

Вработените во болничката аптека се грижат за безбедна и соодветна употреба на лековите од страна на медицинскиот персонал. Навремено обезбедуваат лекови, медицински помошни средства и квалитетни потрошни материјали за сите одделенија во нашата болница. Ги информираат лекарите и другите медицински лица во болницата за сите новини при употребата, дозирањето и за несаканите дејства на лековите. Ја одржуваат континуирано базата на податоци за сите лекарства и се секогаш во тек со сите новитети на пазарот на современата фармакологија!

Hi, How Can We Help You?