
Еуроиталиа Општа Болница – располага со сопствена болничка кујна специјализирана за потребите на згрижените болнички пациенти.
Храната се подготвува од квалитетни намирници и во контролирани и безбедни услови и соодветствува со потребите на пациентите. За пациентите од болничкиот стационар – секојдневно се изготвува соодветна програма за исхрана – во сооднос со нивната моментална дијагноза и лекување.
Доколку сте алергични на одреден вид на храна задолжително известете го Вашиот доктор – се со цел да може да се изготви специфична програма за исхрана само за Вас, секогаш во сооднос со Вашата моментална дијагноза и лекување!