Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Стоматологија

Стоматологија

Општа болница Еуроиталиа во чија основа е втемелена италијанската култура и убавина, преку одделот за Стоматологија нè доближува до беспрекорната италијанска насмевка која е речиси сон на секој од нас!

Одделот за Стоматологија располага со одлични услови и најсовремена технологија кои заедно даваат брза, ефикасна и професионална услуга од европски квалитет.

Од исклучителна важност за зачувување на Вашите заби се точно поставената дијагноза и соодветната терапија. На тој начин се заштитувате од можните компликации во усната празнина, кои сериозно можат да Ви го нарушат здравјето. Оттаму, посебно внимание обрнуваме на превенцијата, која е исто така исклучително важна за Вашето орално здравје.

Нашиот тим од врвни специјалисти по дентална медицина нуди решение за сите проблеми во Вашата усна празнина и тоа на безболен начин, ефикасно и брзо, благодарение на современата апаратура во самата болница.

Освен услуги за создавање на беспрекорна италијанска насмевка со бисерно бели заби, нашиот тим е специјализиран и во полето на корективната естетика како што е на пример апликацијата на хијалуронска киселина за естетско пополнување на усни, на назо-лабијални бразди околу очите, корекција на бразди на чело како и за потплнување на јаболчници!

Листа на достапни здравствени услуги по стоматологија во општа болница Еуроиталиа

Почитувани пациенти, во информативните текстови подолу го појаснуваме текот на здравствените услуги кои се достапни во одделот по стоматологија и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!
Општа стоматологија
  • Контролен преглед
  • РТГ Панорамикс
  • Флуор профилакса
  • Залевање на забни фисури
  • Вадење на еднокорени и повеќекорени заби
  • Лекување на еднокорени и повеќекорени заби
  • Пломбирање на заби со нанокомпозитни пломби
Стоматолошка протетика
  • Акрилатни тотални и парцијални протези
  • Визил протези
  • Протези обложени со силикон
  • Метална надградба
  • Керамичка надградба
  • Привремени коронки
  • Дефинитивни металокерамички и безметални керамички коронки ( zirconia ) и мостови
Орална хирургија
  • Апикотомија на еднокорени и повеќекорени заби
  • Цистектомија
  • Екстракција на семиимпактирани и импактирани заби
  • Хируршки третман на ороантрална комуникација ( синус пластика )
  • Френулектомија
  • Гингивектомија
Ортодонција
  • Мобилен апарат
  • Фиксен апарат со метални брикети
  • Фиксен апарат со керамички брикети
  • Фиксен апарат со самолигирачки метални и керамички брикети
  • Лингвална техника
  • Invisalign aligners
Ласерски третмани
  • Ласерска терапија на афти, херпес и парадонтопатија
Корективна естетика
  • Чистење на забен камен
  • Полирање на заби
  • Белеење на заби
  • Апликација на хијалуронска киселина за:
    • естетско потполнување на усни
    • корекција на назо-лабијални бразди околу очите
    • корекција на бразди на челото
    • потполнување на јаболчници

Уникатниот европски дизајн во нашите ординации придонесува за тотално опуштање на нашите пациенти за време на стоматолошките интервенции.

Во сферата на Стоматологијата, естетиката е еден од најзначајните сегмети кој подразбира уметничка вештина за понатамошен спој на реалното и совршеното.

Блескавата насмевка и извонредната белина на забите, едни од најпознатите одбележја на Италијанците, со општа болница Еуроиталиа – сега се поблизу до Вас!

Грижете се за Вашиот изглед на италијански начин!

Hi, How Can We Help You?