Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Политика за согласност

Политика за согласност

Во текот на престојот во нашата установа од Вас ќе биде побарана согласност за користење на одредена здравствена услуга.

Персоналот е должен:

  • да Ви ги објасни предвидените медицински процедури кои треба да се извршат, и тоа на најлесен можен начин се со цел полесно да ги разберете истите;
  • да Ви ги објасни детално видот и сложеноста на третманот;
  • да Ви укаже на сите предности и недостатоци на третманот и сите алтернативни можности поврзани со истиот;
  • да Ви ги објасни сите материјални ризици поврзани со услугата;
  • целовкупно да Ве вклучи и информира за секој сегмент од процесот на лекувањето;
  • за сите процедури во нашата установа потребно е како усна, така и писмена согласност од Ваша страна.

Запомнете: се’ зависи од Вас и дали ВИЕ се согласувате за одредена медицинска услуга!

Имате право да ја повлечете својата согласност иако е потпишана.

Погрижете се навремено да го информирате Вашиот доктор или медицинската сестра за Вашата одлука. Вие не сте обврзани да му дадете причина или објаснување на персоналот зошто се откажувате од третманот, но корисно е да поразговарате со нив околу тоа. Тие можат да Ви дадат одредени корисни совети.

Исто така Ваше право е да побарате друго мислење од друг доктор, медицинска сестра, доколку тоа навистина го сакате.

Еуроиталиа Општа Болница е на Ваше располагање за се’ што сакате да дознаете а е поврзано со Вашето лекување.

Тука сме да Ве ислушаме и да Ви дадеме искрен совет за Вашето здравје!

Кој може да даде согласност за користење на здравствена услуга во Општа Болница Еуроиталиа?

  • Согласност за користење на одредена здравствена услуга може да потпише секој свесен полнолетен пациент (минимум 18 години).
  • Вашето семејство и роднини не можат да дадат согласност во Ваше име.
  • Во случај пациентот да е малолетно лице, тогаш согласноста за било каква интервенција ја дава родител или старател.
  • Доколку пациентот е во безсознание и не е контактибилен, во интерес на неговото здравје согласноста ја дава неговото најблиско семејство или тим од Конзилиум на нашата болница.
  • Поради потребата од континуирана комуникација со семејството, потребно е пациентот да одреди единствено лице за контакт со кого ќе контактира медицинскиот тим за време на неговиот прествој во нашата установа.
Hi, How Can We Help You?