Пред да дојдете на закажаниот термин не заборавајте да ги проверите деталите за истиот.
- Контактирајте не’ доколку не можете да пристигнете на истиот, или доколку не сте сигурни за времето и денот на закажувањето, нашите оператори Ви стојат на располагање
- Осигурајте се дека сте оставиле точни информации за контакт во текот на закажувањето.
- Пристигнете 10 мин пред закажаниот термин, за да можете навремено да се пријавите на приемниот пулт.
- Доколку земате некакви лекарства или примате некаква посебна терапија, Ве молиме да го известите надлежниот доктор.
- Доколку имате закажано здравствена услуга – преглед кој е од посложен тип Ве молиме да се информирате како правилно да се подготвите за иститот.
- При одредени специфични прегледи неопходно е да бидете гладни и жедни како би се добиле поуспешни податоци при дијагностиката. Ве молиме кога закажувате преглед да се обратите по ова прашање на нашите оператори кои ќе Ви дадат најдобри совети и инструкции.
- Пациентите кои треба да извршат компјутерска томографија или магнетни снимања со контраст мора да бидат гладни или последниот оброк да биде 3-4 часа пред снимањето.
- За лабораториските анализи се препорачува да се извршат наутро, пред да внесувате храна и течности. Не заборавајте дека и најмалото количество на кафе со шеќер ќе придонесе до пореметување на нивото на шеќери во крвта и ќе даде не доволно прецизна слика за вашата состојба.