Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Отворени работни места

Отворени работни места

Инвестирање во човечки ресурси е она по коешто Општа Болница Еуроиталиа е препознатлива!

Ние се грижиме, внимателно ги следиме и ги вреднуваме достигнувањата на нашите вработени, постојано ги стимулираме со цел прогресивно да напредуваат во кариерата!

Европски HR стратегии во Општа болница Еуроиталиа

  • Постојана обука и доквалификација
  • Тимска работа
  • Долгорочни договори за работа
  • Евалуација и развој на кариера
  • Безбедност на работно место
  • Вреднување на труд и напредок
  • Организациска култура и комуникација

Еден од основните критериуми за селекција на кадрите е нивното искуство во полето на медицината, но исто така и љубовта кон самата професија, којашто е главен двигател и гаранција за неуморно вложување во истата и максимална посветеност.

Нашата установа е во континуирана потрага по нови квалификувани кандидати подготвени да работат тимски за да комплетно придонесат во развојот на едно заедничко здраво и похумано општество.

Во потрага сме по вистински хумани професионалци кои би сакале да остварат долгорочна кариера и напредок во својата област на дејствување во една пријатна работна атмосфера во која владее европска култура на однесување.

Бидете дел од нашиот ТИМ!

Моментално отворени работни позиции

Престижна италијанска приватна здравствена установа Општа Болница Еуроиталиа има потреба од административен работник со одлично познавање на MS Office (Excel, Word, Power Point). Идеалниот кандидат/ка има претходно искуство во фирми од полето на медицината или здравствени установи и поседува универзитетска диплома. Главните работни задачи на идеалниот кандидат/ка се фокусирани на Front Office Managament-от, комуникација и финансиско работење.

Опис на работно место:

  • Организирање и надгледување на сите административни активности на ниво на Фронт офис
    менаџментот
  • Распоред, организација, закажување на прегледи и состаноци
  • Деловна коресподенција со Италијанската матична фирма ( деловна електронска пошта,
    телефон, комуникација со нејзини соработнички фирми )
  • Управување со датотеки и болнички софтвер
  • Одговорен за наплати и исплати
  • Централа – менаџмент на повици, e-mail, испраќање на факсови
  • Организација на семинари и професионални обуки во Италија
  • Изготвување на месечни финансиски извештаи
  • Обработка на текстови, табеларни пресметки, компјутерски презентации, деловно-технички
    преводи од италијански јазик на македонски и обратно

Потребни квалификации и познавања:

  • Завршен Економски или Филолошки факултет
  • Одлично познавање на италијански јазик – говорење, читање и пишување(најмалку Б2 ниво )
  • Одлични комуникациски вештини и мултитаскинг способности
  • Способност за организација и координирање
  • Одлично познавање на MS Office ( Excel, Word, Power Point )
  • Способност за справување со стресни ситуации, различни deadline-ови
  • Љубезност, позитивност, фер и коректност и висока работна етика

Што нудиме?

  • Европски платa со неограничени можности за напредок
  • Кариерен развој
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Фер и коректен однос
  • Тимска Работа

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, Вашата кандидатура ( CV и мотивациско писмо ) треба да биде доставена на нашата е-маил адреса: contact@euroitalia.mk или преку формата за аплицирање подолу.

Апликациите без фотографија нема да бидат земени во предвид.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до петок, 8 работни часа, од 08:00 до 16:00 часот.
Ќе се даде предност на кандидатите кои се достапни за работа во 2 смени бидејки болницата се развива и шири пропорционално со обемот на пациенти.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Престижен италијански ресторан и бар Еуроиталиа со седиште во срцето на Петровец – има потреба од 2 извршители на позицијата келнер/ка со или без работно искуство (одговорни, културни и сериозни кон работните обврски)

Потребни квалификации и познавања:

  • Минимум завршено средно образование
  • Со или без работно искуство

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Љубезност и педантност, со позитивен став
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Смисла за одржување на ред и хигиена
  • Тимска работа

Што нудиме:

  • Одлични и динамични услови за работа
  • Усовршување како и одлична заработка

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, Вашата кандидатура ( CV и мотивациско писмо ) треба да биде доставена на нашата е-маил адреса: contact@euroitalia.mk или преку формата за аплицирање подолу.

Апликациите без фотографија нема да бидат земени во предвид.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до сабота, 8 работни часа. Ќе се даде предност на кандидатите кои се достапни за работа во 2 смени.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Престижен италијански ресторан и бар Еуроиталиа со седиште во срцето на Петровец – има потреба од 1 извршител на позицијата пица мајстор со задолжително работно искуство (одговорни, културни и сериозни кон работните обврски)

Потребни квалификации и познавања:

  • Минимум завршено средно образование
  • Задолжително со мин. 1 година работно искуство во пицерија
  • Познавање на нормативи за изработка на пица и печива
  • Ќе се вреднува дополнително – познавање на основни италијански специјалитети

Личен профил:

  • Одговорна и лојална личност
  • Љубезност и педантност, со позитивен став
  • Самоиницијативност и посветеност на работата
  • Смисла за одржување на ред и хигиена

Што нудиме:

  • Одлични и динамични услови за работа
  • Лична и професионална надоградба
  • Евалуација на вработените и вреднување на секој придонес
  • Можност за одлична заработка и работа во европски услови

Доколку сакате да бидете дел од нашиот тим, Вашата кандидатура ( CV и мотивациско писмо ) треба да биде доставена на нашата е-маил адреса: contact@euroitalia.mk или преку формата за аплицирање подолу.

Апликациите без фотографија нема да бидат земени во предвид.

Неделното работно време за позицијата е од понеделник до сабота, 8 работни часа. Ќе се даде предност на кандидатите кои се достапни за работа во 2 смени.

Само кандидатите кои ќе влезат во потесен круг ќе бидат контактирани.

Форма за аплицирање

Сите полиња означени со * се задолжителни.


Hi, How Can We Help You?