Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Ортопедија и Tрауматологија

Ортопедија и Tрауматологија

Ортопедијата и трауматологијата како медицински гранки во хирургијата кои се занимаваат со откривање, дијагностицирање и лекување на проблемите на мускулно-скелетниот систем се од исклучителна важност во рамките на нашата Општа болница Еуроиталиа.

Како медицински гранки кои се меѓусебно поврзани – тие се дел од специјалистичката дејност во нашата болница и се во постојана, секојдневна соработка со Радиодијагностичкиот центар каде што преку најсовремените дијагностички методи се поставува вистинската дијагноза за било кое ортопедско заболување и се одредуваат специфични методи на лекување.

Одделот по Ортопедија и Трауматологија во склоп на општата болница Еуроиталиа го сочинуваат амбулантно – поликлинички дел распределен во 4 простории, стационар со полуинтензивна нега за лекување со вкупно 14 болнички легла распределени во едно, дво и четворо креветни соби опремени по врвни европски стандарди. Во амбулантно – поликлиничкиот дел пациентите на општа болница Еуроиталиа можат да ги направат сите ортопедски прегледи како и ехосонографија на мусулоскелетниот систем, коскена дензитометрија, но исто така и различни видови на преврски, некрвави репозиции на скршеници, гипс услуги, мали хируршки интервенции и интраартикуларни апликации.

Како најважен и есенцијален дел на одделот е всушност делот за изведување на хируршките интервенции кои се изведуваат во една Асептична и втора Септична операциона сала комплетно опремени за третман и на најсложените оперативни ортопедски зафати според светски стандарди за пациенти од сите возрасти.

На ниво на Република Македонија одделот за Ортопедија и трауматологија при нашата општа болница Еуроиталиа – е најголем и најопремен центар комплетно екипиран со искусен и високостручен медицински персонал едуциран во земјава како и во поголемите ортопедски светски здравствени установи – предводен и раководен од Примариус Д-р Тодор В. Ношпал м-р специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија.

Кои се третмани и услуги ги третира одделот по oртопедија и трауматологија во нашата болница?

Почитувани пациенти, во информативните текстови подолу го појаснуваме текот на здравствените услуги кои се достапни во одделот по ортопедија и трауматологија и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!
Ортопедија
Ортопедијата е гранка на хирургијата која се занимава со мускулно-скелетниот систем и конгенитивни заболувања, како и дегенеративни болести поврзани со истиот како што се:
  • Тумори на коски
  • Коскени деформитети
  • Тотални и субтотални протези на колено и колк
  • Оштетување на ‘рскавици
  • Воспалителни болести на зглобовите
  • Заболувања на мускулите и тетивите
  • Дегенеративни зглобни заболувања
  • Оперативни интервенции на шака
  • Хируршко лекување на вродени аномалии во детска возраст ( развојна деформација на колкови, криво стопало, крив врат….)
Трауматологија

Трауматологијата како дел од хирургијата третира критични, итни и сериозни телесни повреди предизвикани од силни удари ( траума ) на телото, најчесто поради претрпена несреќа, насилство, физички напад или како што се:

  • Повреди од незгоден пад
  • Фрактури ( скршеници ) како резултат на механички повреди
  • Истегнувања
  • Нагмечувања
  • Повреди на главата
  • Потреси
  • Спортски повреди
  • Дислокација или повреда на зглобови

Пациентите кои страдаат од трауматска повреда имаат потреба од специјализирана медицинска нега и третман. Навременото и брзо лекување е од особена важност за овој тип на пациенти.

Најново во општа болница Еуроиталиа!

PRP третмани на мускулно-скелетниот систем

Клинички дизајнираната плазма богата со тромбоцити ( PRP ) завзема се поголема примена во локалната регенерација на ткивата и станува вредна асоцијација за промовирање на регенеративна моќ на PLT во физикалната терапија на меки или тврди ткива.
PRP го подобрува регрутирањето, пролиферацијата и диференцијацијата на клетките вклучени во регенерацијата на ткивата, бидејќи делува како систем за доставување на различни фактори за раст и цитокини содржани во алфа-гранулите на тромбоцитите.
Студиите спроведени врз луѓето дадоа ветувачки резултати во однос на примената на PRP терапијата.

Еуроиталиа општа болница ги следи светските трендови и новитети во иновативни техники на лекување и благопријатно го препорачува овој третман, бидејќи PRP терапијата е одлична можност за забрзување на процесот на заздравување или регенерирање на повредените тетиви и остеоартритис на природен начин без подложување на пациентот на поголеми хируршки зафати.

Воедно, третманот со PRP претставува еден од последните достигнувања во медицината кој ја користи природната способност на организмот да се авто-излекува. Денес, PRP терапијата во Европа и светот, многу често се користи во лекувањето на тетиви и `рскавици. Кога доаѓа до повреда, одбрамбената реакција на телото се состои во привлекување на крвните плочки ( тромбоцити ) на местото на повредата и со тоа се забрзува самиот процес на заздравувањето поточно регенерацијата!

Еуроиталиа општа болница заедно со тимот од одделот Ортопедија и Трауматологија Ви стои на комплетно располагање за сите дополнителни прашања и информации поврзани со PRP третманот! Јавете се веднаш на следниве телефонски броеви, нашите Оператори Ви стојат на располагање!

  • +389 (02) 5110 115
  • +389 (02) 5116 005
  • +389 (02) 5116 006
Што е претставува ПРП терапија?
ПРП терапија – или регенеративна терапија со плазма богата со тромбоцити претставува употреба на автологната крвна плазма богата со тромбоцити.
PRP ( Abreviation of Platelet Rich Plasma) е дел од плазмата која во себе содржи фактори за раст, цитокини, протеини и други супстанции кои активно учествуваат во лекувањето и обновувањето на оштетеното и-или заболеното ткиво.
Која е предноста на оваа регенеративна процедура?
  • Сигурна процедура ( автологна, поточно сопствена крв, без ризик од било какво инфективно заболување )
  • Брза и едноставна процедура која трае 15 – 30 мин
  • Мала количина на крв
  • Оптимално издвојување на тромбоцити до 80 %
  • Оптимално издвојување од црвените и белите крвни зрнца до 99 %
Како се изведува терапија со тромбоцити?
Целата постапка трае околу 15 – 30 минути.
Се зема венска крв од пацинетот без некакви претходни подготовки.
Во зависност од местото на аплицирање, доктор специјалист одредува за количината т.е волуменот на крв кој ќе биде потребен за вбризгување. Генерално од пациентот се зема 18 мл полна крв. По рутинската флеботомија, крвта поделжи на преработка по пат на центрифугирање со што компонентите на крвта ги издвојуваме според нивната густина со цел добивање на плазма богата со тромбоцити. По техничката преработка, со помош на спинална игла од супернатантот непосредно над формативните елементи се извлекува слојот од плазмата кој е богат со тромбоцити. ПРП се префрла во вакутајнер за ресуспензија и истата се аплицира на заболеното место ( локално ).
Постојат ли несакани ефекти од ваквиот тип на третман?
Бидејќи треманот се изведува со користење на сопствената крв, автологно, не се утврдени несакани реакции!
Во што се состои целата процедура?

Со вадење на крв од пациентот, автологната крв подлежи на преработка односно оптимално издвојување на формативните елементи и концентрирање на суспензија со тромбоцити ( крвни плочки ) по пат на центрифугирање на конкретно зададена програма. По издвојување на плазмата богата со тромбоцити истата се аплицира на повредено место ( локално ).

За да се обезбеди вбризгување на PRP точно на саканото место се користи ултразвук кој овозможува полесно и попрецизно определување на местото за вбризгување.
Тромбоцитите по вбризгување ослободуваат супстанции ( т.н. Фактори на раст ) кои го помагаат процесот на заздравување и излекување.
Концентрацијата на тромбоцитите на едно место го зголемува количеството на супстанции кои влијаат на растот и го помагаат процесот на заздравување.
Луѓето на природен начин поседуваат извонредна сила на само-излекување и користењето на сопствените тромбоцити значително го помагаат и го интензивираат процесот на излекување и регенерација.

Какви се ефектите од користењето на терапија со плазма?

PRP ги има следните ефекти:

  • го намалува отокот и болките во зглобовите,
  • во случај на утринска вкочанетост, ревма – ја намалува и ја зголемува мобилноста,
  • PRP делува со обновување на оштетената ‘рскавицата,
  • намалува хронични заболувања, бурза, лекува повреда на тетиви
Кои се индикациите за третман со ПРП?

Индикации за PRP се:

  • во случај на повреди на мускулно-скелетниот систем ( повреди на мускулите, лигаментите, тетивите …)
  • кај дегенеративни промени во зглобовите ( колкови, колената ),
  • во третманот на хронични рани,
  • естетска медицина,
  • болки во зглобови,
  • опструкција на коленото-гонартроза,
  • спортски повреди,
  • нестабилни зглобови итн.
Имате прашања? Сакате да закажете термин?

Јавете се веднаш на следниве телефонски броеви, нашите Оператори Ви стојат на располагање!

  • +389 (02) 5110 115
  • +389 (02) 5116 005
  • +389 (02) 5116 006
Hi, How Can We Help You?