Open
  • ул. 1 број 105 А Петровец, 1000 Скопје
  • 24/7 дежурна служба. Без гужви и чекање.

Број 1 Болница

во Македонија и на Балканот

Европски стандарди

Квалификуван кадар

Прегледај резултати онлајн

Задоволни пациенти
Информации на : +389 (0)2 5110 115

Анестезија и интензивна нега

Анестезија и интензивна нега

Одделот за Анестезија, реанимација и интензивна нега е интегрален и витален дел за сите оддели во Еуроиталиа општа болница! Опремен е со најсовремена медицинска апаратура и тим од високостучен и искусен персонал кој континуирано, според највисоките светски стандарди, 24/7 се грижи за сите пациенти.

Одделот за Анестезија, реанимација и интензивна нега е интегрален и витален дел за сите оддели во Еуроиталиа општа болница!
Опремен е со најсовремена медицинска апаратура и тим од високостучен и искусен персонал кој континуирано, според највисоките светски стандарди, 24/7 се грижи за сите пациенти.

Во Општа Болница Еуроиталиа кога станува збор за анестезија, посветуваме максимално внимание на секој пациент!

Оттаму, пациентот најпрво подлежи на консултација за предоперативна подготовка со доктор анестезиолог каде што анестезиологот ја избира најсоодветната техника која се заснова на: видот на хируршката процедура која треба да се изврши, оперативната локација, медицинската историја на пациентот и потребната пост-оперативена терапија.
По консултациите, медицинското стручно лице ја одбира и соопштува најсоодветната техника за најбезбедно да се изврши хируршкиот зафат и покрај тоа што пациентот го наведува својот избор и го информира анестезиологот за истиот.

Листа на достапни здравствени услуги по анестезија и интензивна нега во општа болница Еуроиталиа

Почитувани пациенти, во информативните текстови подолу го појаснуваме текот на здравствените услуги кои се достапни во одделот по анестезија и интензивна нега и што всушност можете да очекувате од истите. Целта на овој информативен материјал е да Ви помогнеме да добиете прецизен одговор на некои од најчесто поставуваните прашања поврзани со овие прегледи!
Интензивно лекување

На одделот за интензивно лекување се сместуваат оперирани и витално загрозени пациенти кои имаат потреба од интензивен третман. Пациентите на овој оддел се под постојан мониторинг и надзор од стручни медицински тимови. Одделот овозможува:

  • Механичка вентилација и кислородна поддршка
  • Комплетен неинвазивен мониторинг на пациентите
  • Комплетен инвазивен мониторинг на пациенти
  • Парентерална и ентерална исхрана
  • Специјална нега и третман на рани
Анестезија
Анестезијата како неопходен дел од речиси сите оддели на здравствената установа е постапка која преку намалување или елиминирање на предизвиканата болка овозможува безболно да се изврши одредена интервенција со апликација на локален анестик.
Во општа болница Еуроиталиа ги применуваме сите видови и техники на анестезија кај возрасни пациенти и деца:

  1. Локални анестезии ( или анестезии преку кои се обезболува локалното место на хирушката интервенција со апликација на локален анестетик )
  2. Периферни блок анестезии
  3. Регионални анестезии. Овој тип на анестезии подразбира два вида и тоа – медуларна ( епидурална или спинална ) и периферна анестезија.
    Медуларната подразбира апликација на анестетик во соодветен простор: спиналната во субарахноидален текален простор и епидуралната во епидурален простор со што се постигнува регионална анестезираност на регион од телото.
  4. Амбулантни анестезии ( или аналого седација ) поточно примена на техника на дијагностички процедури спроведени во анестезија ( аналого седација ) кај возрасни и кај деца.
  5. Општи ОЕТА анестезии ( или ендотрахеални анестезии ) Анестезии кои предизвикуваат состојба споредлива со длабок сон, обезболеност, мускулна релаксираност попратена со стабилност на виталните параметри.
  6. Комбинирани анестезии ( или сложени анестезии )

Безбедноста и квалитетот на анестезијата се во значителен пораст во текот на изминатите три децении преку:

  • Подобрување на анестетичките агенси и посеопфатната обука на специјалистите по анестезија и реанимација
  • Проценка на пациентите за време на консултација за предоперативна анестезија која е задолжителна
  • Подобрено знаење и третмат на ризични болести, ризици поврзани со трансфузија и пост-оперативна болка
  • Задолжителниот прием на пациенти во единицата за пост-оперативен мониторинг

Токму со овие подобрувања ризиците поврзани со анестезијата се сведени на минимум. Најважниот акт за предоперативната анестезија е анаестезиолошки преглед со доктор анестезиолог. Истиот е задолжителен и мора да се оддржи пред хируршкиот зафат.
Овој преглед има за цел да се испита пациентот и да се постават прашања кои се однесуваат на неговата хируршка и медицинска историја, сегашните третмани и алергии.
По потреба, може да се препишат дополнителни испитувања како на пример електрокардиограм, или пак консултација со друг доктор специјалист.
Во текот на ваквиот вид консултација, анестезиологот е должен да го информира пациентот за видот и типот на анестезијата како и за целата постапка на анестезијата, притоа објаснувајќи му ги придобивките и ризиците од истата и во исто време да одговори на прашањата што пациентот може да ги постави.
На крајот, пациентот добива формулар за согласност кој мора да го потпише и да го достави до медицинскиот тим не подоцна од ден пред интервенцијата.
Во Општа Болница Еуроиталиа – располагаме со 6 кревети по интензивна нега и третман и 6 болнички кревети recovery – за прием, подготовка и будење на пациентите.

Hi, How Can We Help You?