микробиологија

Лабораторија за микробиологија

Во лабораторија за микробиологија при ПЗУ- Еуроиталиа се врши тестирање на примероци од пациенти, здравствени работници и нежива средина.

Микробиолошката лабораторија има клиничка улога, т.е. микробиолошките анализи овозможуваат изолирање на патогени причинители на инфективните болести, нивна идентификација, тестирање на осетливост, како и менаџирање на пациентите со инфективни болести. 

Покрај тоа придонесува во превенција и контрола на интрахоспиталните инфекции, контрола на болничка хигиена како и советување за антимикробна резистенција.

Поради огромното значење на факторот ‘време’ при инфекциите, се трудиме да дадеме брз одговор со помош на е-mail и други алтернативни начини на комуникација, како и прелиминарни резултати кои можат да помогнат во контролата на инфекциите.

Интрадисциплинарната соработка ни е од големо значење и стоиме на располагање за консултативни разговори. 

За изолирање и идентификација на патогените причинители се спроведуваат неколку методи, микроскопски, културелно, биохемиски реакции и тн. 

Антимикробна осетливост се одредува со диск дифузиона метода и/или со метод на одредување на Минимална Инхибиторна Концетрација (МИК). 
Euroitalia Hospital
2018 COPYRIGHT © ALL RIGHTS RESERVED EuroItalia